Зборник на Миладиновци/ Баљур војвода и Гркина робина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петре Маџарче Баљур војвода и Гркина робина

од Браќа Миладиновци
Мурчо господарин и Јанкула војвода
на современ македонски правопис


Од војска идет Баљур Војвода,
Пo војска носит млада робина;
Кондисал ми је широко пoлe,
Курдисал ми je зелени чадар;
Пот чадар седит Баљур Војвода,
Млада робина простум мy стоит,
Диван мy чинит, слуга му служит;
Солѕи ми ронит, како градои.
Баљур Војвода ми ја опитвит:
„Ајти робино бела Гркино!
Што слуга служиш, и солѕи рониш?”
„Как да не плачам, как да не жалам?
Сум остаила м'шкото дете,
Во темен керал с р'це пуштени;
My дошло време да се прекренит.”
„Ајти робино, бела Гркино,
Хајде ти оди, хај крени cи гo,
Азат те чинам, да си го крениш.”