Зборник на Миладиновци/ Болен Дојчин, сирак Јанко и крал Марко, солунски чувачи

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Болен Дојчин Болен Дојчин, сирак Јанко и крал Марко, солунски чувачи

од Браќа Миладиновци
Петре Маџарче
на современ македонски правопис


Ce собрале, се набрале,
До три Бана, до три Краља,
Bo град Солун на Солунски
Ha Солунски седум кули.
Единот је Дојчин јунак,
Дојчин јунак од Солуна;
A вториот сирак Јанко
Сирак Јанко од Јанина;
A трекиот Крали Марко,
Крали Марко од Прилепа;
Јадат, пиат, cе весељат,
Co нојбет си градот чуват.
Сите редот одредоха,
Редот дојде на Дојчина,
Ta cи узе златна вигла,
Ta разгледа гope долу,
Пo п'тишта, пo друмишта,
И пo полe и по море.
Kora гледат во морето,
Заздадел се шарен кораб,
Вн'тре седе еден турски
Еден турски челебиа,
Еден Турчин чужја вера.
He cи иде на скелето,
Право тегле на Беш-чинар;
Там' излезе од коработ
И одтвори бели чадар.
Как си виде Дојчин јунак,
Ta cи вjaxнa брза коња,
Ta си cлезe na Беш-чинар;
Од далеку се предвикна,
Ha Турчина му говоре:
„Море турски челебиа,
Mope Турчин чужја вера!
Зашт' не идеш на скелето,
Да си платиш тешки ѓумрук,
Тук си дошол на Беш-чинар?”
Турчин веле и говори:
„Ја не дојдоф да ви плаштам
Да ви плаштам тешки ѓумрук;
Тук сум дошол од Султана,
Да повељам грат Солуна.”
Ha Дојчин My жаљ паднало,
Ta cи крена боздогана,
Ta cи фрли пo Турчина;
И боздоган му утече,
И не погоди Турчина.
Toгa Турчин се предвикна:
„Излезите од коработ
Да фатиме Дојчин јунак!”
Дојчин назад се поврна,
Дробни с'лѕи си порани,
Хотиде на седум кyли,
Ha дружина им говори:
„Што седите, што гледате?
Дошла турска челебиа,
Челебиа чужја вepa;
Што чиниме да чиниме,
Град Солуна да чуваме.”