Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Олошките од градината

Од Wikisource
Стојна и Јуди Олошките од градината

од Браќа Миладиновци
Рак и жаба
на современ македонски правопис


Нов правопис Стар правопис

Се пофали жолта дуна от градина-та, —
„Како мене, спроти мене по ’убо’ немат?” —
ја дочула јаболшница от градина-та, —
„Што се фалиш жолта дуно кошогла’ице!
Ја ке родам многу благи јаболка,
Ке ме јадет мезе по ракија. —
Ми ја дочу трандафил-от от градина-та, —
Што се фалиш јаболшнице бре шупливице!
Ја ке цутам многу цвеке в година,
Ке ме берет многу мдади јунаци,
И невести, тà и млади девојки.”
Ми го дочу крива лоза винена, —
 
„Што се фалиш трандафилу окапанику!
Јас ке родам многу грозје в година,
Ке оженам многу млади јунаци,
Ке омажам многу млади девојки,
Ке закопам триста старци, старици,
Ке си крстам триста луди дечина.”

Сѣ пофали жѫлта дуна отъ градина-та, —
„Како мене, спроти мене по ’убо’ нематъ?” —
ѭ дочула яболшница отъ градина-та, —
„Що сѣ фалишъ жѫлта дуно кошогла’ице!
Я ке родамъ многу благи яболка,
Ке ме ядѣтъ мезе по ракіа. —
Ми ѭ дочу трандафил-отъ отъ градина-та, —
Що сѣ фалишъ яболшнице бре шупливице!
Я ке цутамъ многу цвеке въ година,
Ке ме берѣтъ многу мдади юнаци,
И невести, тà и млади девойки.”
Ми го дочу крива лоза винена, —
 
„Що сѣ фалишъ трандафилу окапанику!
Ясъ ке родамъ многу грозѥ въ година,
Ке оженамъ многу млади юнаци,
Ке омѫжамъ многу млади девойки,
Ке закопамъ триста старци, старици,
Ке си кѫрстамъ триста луди дечина.”