Зборник на Миладиновци/ Немечка кралица и Марко
Марко и Мурат-бег | Немечка кралица и Марко од Браќа Миладиновци |
Марко кум |
на современ македонски правопис |
Книга пишит Немечка Кралица,
Еле пишит кому ке ја пратит?
Ке ја пратит Марко је Кралевике,
Ке ја пратит книга по гаврана.
Тога гавран је се отгоорвит;
,,А егиди Немечка Кралице!
Јас Марка не си го познаам,
Да го видам, книга да му даам.”
Тога велит Немечка кралица:
„Ти да појдиш в Орицка наиа,
Да го бараш Марка по меани,
По здравица ти ке го познаиш.”
Гавран дојде Орицка наиа,
Си го најде Марка по меани,
По здравица Марка го разбрала,
Му ја фрли книга на скутеи.
И си зеде Марко бела книга,
Книга пеит дробни с'лѕи ронит;
Што да видит чудо и големо!
Што пуштила Немечка Кралица:
„Аљ си живо, Марко, али умре,
Што не згази во нашава земја;
Ево имат триесет години,
Попаднале црни Арапини,
Не можиме свадба да сториме,
Јунаците сите остареа.”
Девојките сите остареа.
Тога велит Марко Кралевике:
„А егиди мој верни дружини!
Аљ идете сега да оиме,
Да одиме во Немечка земја,
Д' исечиме црнине Арапи,
От' имало триесет години,
Како свадба тамо не сториле.”
Си станае от ладна меана
Си зедое Секула Детенце,
Зашто беше лично и малоо,
Секула го нееста сторие,
Отидое до Немечка земја.
Се спуштиа црнине Арапи,
Да им грабет убаа нееста.
Неестата тие им дадое;
Се собрае многу калабалок,
Отидое нееста да барет,
Да барает ке им ја однесое,
Отидое тие на ненадеш,
И фатие тога да и колет;
До колена крва направие
Исекое црните Арапи,
Барем еден не си остаие.
Го зедое Секула Детенце,
Отидое назод при кралица.
Што им даде голема пештежа,
Што им даде девет кули азно,
И и држа токму три месеци,
Да јадеет тие да пијеет.