Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Марко кум

Од Wikisource
Немечка кралица и Марко Марко кум

од Браќа Миладиновци
Стојан и Димана
на современ македонски правопис



Се собрале Кралеи Банеи,
Се собрале на ладна меана,
Вино пијет, мушафере чинет,
Ког да клаиме, кралче над кралеа,
Се отгори Марко Кралевике;
ÂДа го клаиме Митре сиромашец,
Зашто имат убаа нееста,
Зашто ми је умна и разумна.”
Го викнаа Митре сиромашец:
„Ке те клаиме кралца над кралеа,
Ти прелегаш кралца да ни бидиш.
Нар'чај је на млада Митрејца,
Да уготвит господска вечера,
Да прилегат како за кралеи.”
Се зачуди Митре сиромашец,
Си отиде Митре дури дома,
Умилено мошне ујадено.
Го пречека млада Митреица:
„Ејди Митре, мое господине!
Што си олку мошне ујадено?
Што те тебе нужба дотерало?”
Тога вели Митре сиромашец:
„Митрејце убава невесто!
Ме викнае Кралеи, Банеи,
Ме викнае на ладна меана,
Ме кладое кралца над кралеа,
Ме пуштие вечера да напрајш,
Да прилегат како за кралеи.
А егиди млада Митреице!
Мие сме си мошне сиромаси,
Си немаме вино и ракиа,
Си немаме лебец баре трошка,
С'ошт' ке прајме манџи господарски?”
Тога зборвит убаа нееста:
„Господине, Митре сиромашец!
Ти не бери гајле за тоа,
Јас ке зготвам господарска вечера,
Ке ја земам божја вересија.”
Тога стана млада Митреица,
Свешто зеде божја вересија,
И си зеде вино и ракиа,
Си напраи господарска вечера,
И пречека Кралеи, Банеи,
И нареди на чесна трпеза,
Најгоре седна Марко Кралевике,
А до него Секула Детенце,
А до него Детелин војвода.
Им ставила господарска вечера,
И им служи вино и ракиа.
Јадет, пијет, Кралеи, Банеи,
Меѓу себе мушафере чинет.
Митреица умна и разумна,
Си го зеде свое м'шко дете,
Ми го фати Маркоје скутеи.
„Добре дојде, Марко Кралевике,
Добре дојде, чесна кумашина!
Ке те фатам за свети Јоана,
Д а ми космиш наше м'шко дете.”
Сите кралеј ничкум погледае,
Сите кралеј в земји с' опулие,
Надпретек сегвет во бели џепој.
Марко го дарва до триста дукади,
Сите дете си го издарвее,
Кој броени, и кој неброени.
Ко' го зеде млада Митреица,
Ко' го зеде дете от скутеи,
Сегна Марко во бели џепои,
Не се знаит што дукад је даде.
Кога станее дома да си одет,
Голем дарчок сите је дарвеа.
„Ај со здравје Кралеи, Банеи!
Ај со здравје наша кумашина!”
После стана млада Митреица,
Вересиа сегдека исплати,
И престана ки-зни-колку азна,
Да си јадет, господски да врвет,
Таков унер стори Митреица,
Зашто беше умна и разумна.