Зборник на Миладиновци/ Марко и Мурат-бег

Од Wikisource
Сабја Марко и Мурат-бег

од Браќа Миладиновци
Немечка кралица и Марко
на современ македонски правопис



Личба личит цара Мурат-бега,
Кој је Турчин вино да не пиет,
А каурин зелено да не носит.
Сите ми го цара послушале,
Не послуша Марко Кралевике;
Тук ми носит зелeна долама,
И со сила Турци натерало,
Да пијет вино во рамазан.
Ми дочула цара Мурат-бега,
Што ми кладе три млади тељали.
Личба личит низ града Стамбола:
„Кој је јунак от јунака роден,
Да го фатит Марка Кралевике,
Ке му даам голема пештежа:
Скопје града по крај тиок Вардар,
И едрење широки калдарми.”
Никој ми се јунак не најмило,
Да го фатит Марка Кралевике,
Најмала се црна Арапина,
Да го фатит Марка Кралевике,
Али Марка живо да донесит,
Али Марка, али Маркоа глаа.
И си јавна на коња брзего,
И ми шетат низ града Стамбола,
Ми затерал Грци, Армении,
Да го барат Марко Кралевике.
Марко седит на ладна меана,
Јадит, пиет, баре гајле немат.
Ми дочуло голема потера,
И си стана на нога јуначка,
Си го најде црна Арапина!
Тога рече Марко Кралевике:
„А егиди црна Арапина.
Што је ова голема потера?
Аљ нешто сакаш, аљ некого бараш?”
И му рече црна Арапина;
„Јас го барам Марко Кралевиќе,
А.ли него живо да го фатам,
Аљ негоа глаа да му земам.
Тога велит Марко Кралевике:
„Бог те убил, црна Арапино!
С Марка зборвиш, Марка не познааш!”
Тргна сабја му пресече глаа,
И му зеде негоата коња,
Ми отиде у цара Мурат-бега,
И му рече Марко Кралевике;
„А егиди цара Мурат-бега!
Чија глаа ти ми ја бараше,
Аљ Маркоа, аљ от Арапина?”
Тога рече цара Мурат-бега:
„Ајти тебе Марко Кралевике!
Как си чинил, Марко пак да чиниш,
Никој тебе да не запират.”
И му даде голема пештежа:
Скопје града по крај тиок Вардар,
А Едрене широки сокаци.