Зборник на Миладиновци/ На оро

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На Турчин големец На оро

од Браќа Миладиновци
598 песна
на современ македонски правопис.


Сае, море Лазаре, позлаштено,
Краиштата - полеани,
Стреде ми је, Лазаре, мрамор плоча,
На плоча је - висок диван,
На диван је, Лазаре, постелица,
На постеља - Мадри аго,
Мадри ага - мадро седит,
В р'ка држит, Лазаре, чаша кафе.
Му долета, Лазаре, едно пиле
Едно пиле - соколоо,
Со криља трепна, Лазаре, чут орони.