Зборник на Миладиновци/ 598 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На оро 598 песна

од Браќа Миладиновци
599 песна
на современ македонски правопис.


Прошетало, Лазаре, челебифче,
Низ чаршии - дренополски,
Р'це држит - во џепеи,
Не ми купвит - ни продаат.
Ми помина - црно грозје,
И ми купи - црно грозје,
И го зави - во шамиа.
Оде, оде, Лазаре, до полп'ти,
И му седна - да го зобат.
Лепо грозје - прогоори;
„Не сум грозје - за зобање,
Тук су моме, - за љубење.”
Си ја фати - за р'чичка,
Носи, носи - дури дома;
От далеку - је викаше:
„Ајти мајко - мила мајко!
Јас ти носам - отменица,
Таткоје бела - променица,
Брату перче - исчешлано,
Сестре леса - уплетена,
Мене мека - постелица.”