Зборник на Миладиновци/ На мало дете
Изглед
На Лазаров ден | На мало дете од Браќа Миладиновци |
На неженат |
на современ македонски правопис. |
Малечкоо убоо, о Лазаре!
На диван ми седеше,
Со јаболко играше;
Мајка ле му викаше:
„Малечкоо убоо!
Доста седе на диван,
Доста играш с јаболко,
Дан' те царот догледат,
Дан' ти царство поклонит!”
Уште речта не рече,
Ми го царот догледа
И му царство поклони.