Зборник на Миладиновци/ На Лазаров ден

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кога зетот ручат у невестата На Лазаров ден

од Браќа Миладиновци
На мало дете
на современ македонски правопис.


„Качунчице цветнице, о Лазаре
Аљ је виде Лазара?”
„И ја видоф, не видоф,
На бел Дунаф седеше,
Вити венци виеше,
'Сем Лазарки даваше,
Кале Мале немаше.
Седна Каља да плачит;
Лазара је тешеше:
„М'лчи, Каљо, не плачи,
Пак в година ке дојдам,
'Сем Лазарки по венец,
Тебе, Каљо, два венца.”
Кога дојде година,
Каља најде м'жена;
На буниште седеше,
Венчаница кинеше,
М'жу гашти крпеше,
М'шко дете лељаше.”