Зборник на Миладиновци/ На зетот

Од Wikisource

Кога да ја донесат дома и ја отскриват кумот На зетот

од Браќа Миладиновци
Кога да дојдат сватови
на современ македонски правопис.


Cиноќ дојде јунак от тугина,
Донесол је тугинка девојка,
Поубоо мајка не родила,
Тој слегует, таа не слегует;
Тој зборует, таа не зборует;
Тој се смеит, таа не се смеит;
Тој вечерат, таа не вечерат:
„Мори слези, да би ми не слегла,
Мори зборви, да би онемела;
Мори јади, да се не најадиш.
Дали ми те куќа не бендиса?
Дали ми те момче не ареса?
Дали ми те свекор не ареса?