Зборник на Миладиновци/ На жена што неимат чедо и м’ш је је на чужина

Од Wikisource

На жена која имат синови На жена што неимат чедо и м’ш је је на чужина

од Браќа Миладиновци
На богат човек
на современ македонски правопис.



Ручек готвит неестица
Умилена, ујадвена,
Со с'нце се разговорвит:
„Ајти с'нце, јасно с'нце!
Ке те мољам и опитвам,
Ти ми гриеш по с' земја
По с' земја, се виљает,
Аљ ми греиш господина?
Аљ ми греиш мила мајка?
Аљ ми греиш мила браќа?
Аљ ми греиш мила снаи.”
С'нцето је отгоори:
„А неесто, добро мила!
Ме опитвиш ке ти кажам;
Јас ти греам господину,
Јас ти греам мила мајка,
Јас ти греам мили браќа,
Јас ти греам мили снаи;
Се готвеет да ти идет,
Да ти идет за Велигден.
Голем пештеш ти готвее,
От браќа ти срма колан,
От мајка ти ал-шамиа,
От снаите шарен колач.
Господин ти седеше,
Ти седеше на чаршии,
Ти ценвеше сарај чевли,
Да ти купит за Велигден;
Јас ти кажвам да не жаљаш,
Оту сите ке ти дојдет.”