Зборник на Миладиновци/ На жена која имат синови
Изглед
На жена која имат син да си учит | На жена која имат синови од Браќа Миладиновци |
На жена што неимат чедо и м’ш је је на чужина |
на современ македонски правопис. |
Три с'нца разиграле
Во мајкини рамни дворје;
Помалиот и надиграл,
И мајка му велеше:
„Немој синко, немој мило!
Не клажај му ти намузлак,
На твојот мили братец!
Оти братец је поголем;
Изан имам от татка ти,
Кој понапрет ке излезит,
Него прво да го жнеам,
Ак је помал от другите.”
Тој је рече на мајка си:
„Мори мајка, мила мајка!
Ти се мољам не карај ме,
На татка ми не кажви му
От појунак јас излегоф!”
И мајка им не му каза,
Не му каза на татка им
Таја него ѓо измами,
Ко је рече: „Мори жено!
Кој ти стори јунаштина,
Али помал, аљ поголем?”
Та му рече: „А стопане!
Малоото пак малоо,”
Големото пак големо.”
„Кога така, а стопанке,
Ајде да го посвршиме.”
Го свршие големото,
Го свршие, го жение.