Зборник на Миладиновци/ Кога зетот ручат у невестата

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кога невестата иставает от дома је Кога зетот ручат у невестата

од Браќа Миладиновци
На Лазаров ден
на современ македонски правопис.


Сон го краде, лудо младо,
Сон му краде црни очи,
А не може да заспие!
Донесејте шарен бардак
Шарен бардак, студна вода.
Донесоха шарен бардак,
Шарен бардак, студна вода,
Нема лудо да заспие!
Донесејте лоза с грозје!
Донесоха лоза с грозје,
Нема лудо да заспие.
Донесејте благи јаболка!
Донесоха благи јаболка,
Нема лудо да заспие.
Донесејте шарен јорган!
Донесоха шарен јорган,
Немо лудо да заспие!
Донесејте мала мома!
Донесоха мала мома,
Тога лудо је заспало.