Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Митре и чума

Од Wikisource
Еден син и мајка Митре и чума

од Браќа Миладиновци
198 песна
на современ македонски правопис


Посвршил се Митре добар јунак,
Се посвршил неста от далеку,
Колку прстен ми е прстенвало,
Си отиде во града Стамбола,
Три години тамо си седело,
Си спечали три тоари благо,
Си киниса дома да си идет.
Конак стори во пустоно Скопје;
Ми преспало, на утро ми стана,
И си зеде до четири коњи,
Си отиде вода да напиет.
На бела чешма вода и напило,
Тамо најде една стара баба,
И је рече Митре добар јунак:
„А егиди баба, стара баба!
Што ќa бидит ова чудно чудо,
Скопје град ја сум нокевало,
С'де слушам петли к'де пејет,
Петли пејет и кучина лајет,
Љуѓе нигде, бабо, не сум видел.”
Тога вели она стара баба:
Ајти Митре, ајти синко миле!
Јас не сум си, синко, стара баба,
Тук сум си, синко, црна чума!
Сите љуѓе, синко, избегале.”
Тога велит Митре добар јунак:
„Жити бога, бабо, жити душа,
Погљај го, бабо, пусти дефтер,
Аљ сум и ја на дефтер писано!”
Го поглеа баба пусти дефтер
Го погледа и на час му рече!
„И ти, синко, овде си написан,
Живот немаш, синко, баре три дни,
В еден ден, синко, ке загиниш.”
Тога је се Митре милно молит;
„Ти се мољам, бабо, жити бога!
Три дни теир, бабо, да ми сториш,
Дур' да појдам при моја нееста;
Оту имат токму три години,
Како сум ја, бабо, посвршило,
Баре с очи не сум ја видело.”
Та му рече „ајде, синко, одај!”
Си тоари три тоари азно,
Си отиде при млада нееста,
И је клукна на нејѕини порти:
„А излези, моме Ангелино!
Еднош со очи да си се видиме,
Оти сега ја ке си загина!”
Ми излезе кутра Ангелина,
И се спушти р'ка му целива;
Еден тоар азно је остаи.
Си отиде при негоа мајка,
И си викна Митре добар јунак:
„А излези, моја стара мајкод
Колку да се мие отпростиме,
Оти сега ја ке ти загинам!”
Му излезе негоа стара мајка,
Излегое негој мили браќа,
Растварие два тоара азно;
Колку мајка сина прегушнала,
Прегушнала и го целивала,
На час Митре тога душа даде.
Мила мајка коса си искина,
Мила сестра како пиле пиштит,
Мили браќа глаи си кршеет
От жаљање за Митрета малечек.
Го држае три дни незакопан,
На четврти унер ми сторие,
Му собрае попој и владици
Со голема чес го закопае.