Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 198 песна

Од Wikisource
Митре и чума 198 песна

од Браќа Миладиновци
Краљ, кралица и Ружица девојка
на современ македонски правопис


Цар Селим, Дојколе, се подервишило,
Си облекол, Дојколе, бело руво,
Да излегол, Дојколе, на Велигден,
Да и гледат, Дојколе, кај играет,
Излегоа, Дојколе, кметоити,
Как на Прилеп, Дојколе, бегоите,
Излегоа, Дојколе, кметиците,
Как на Прилеп, Дојколе, беџиците;
Излегоа, Дојколе, младоженети,
Как на Прилеп, Дојколе, спахиите;
Излегоа, Дојколе, невестите,
Как на Прилеп, Дојколе, спахиците;
Излегоа, Дојколе, ергените,
Как соколи, Дојколе, по гората;
Излегоа, Дојколе, девојките,
Как еребици, Дојколе, обружани,