Зборник на Миладиновци/ Стојан и Димана
Милка Котленка и Петар Трговец | Стојан и Димана од Браќа Миладиновци |
Драгана и цар |
на современ македонски правопис |
Имала мајќа, имала
Едного сина Стојана,
Кришом го мajќa родила,
Покришом го е гледала,
С пресно го мљако к'пала,
С сметана го е мазала,
С смокини го е хранила.
Гледа го и отгледа го,
Чуди сја, мае мајќа му.
На что ли Стојан да даде,
На какав лесен занајат,
Да му е лека работа,
Да му е ск'па цената;
Даде го младо златарче,
Учи сја и научи сја,
Излеја злата б'клица.
Израсте Стојан, порасте,
Да иска да сја годјава.
Заиска мома Димана;
Искат ја, и дале му ја.
От ка ја Стојан погоди,
Тој си сја болен поболи,
Та лежа Стојан три години.
Всичко сја село преврви,
Млад Стојан да си споходат;
Мома Димана не дојде,
Млад Стојан да си споходи.
Мајќа Стојану думаше:
„Синко Стоене, Стоене!
Се что ли, синко, да чиним,
Като Димана не доде?
Загради в село черкова,
Та си ја внатре позлати,
Из в'нка си ја посребри,
Сичко ште село да врви,
Черкова сеир да гледа;
Та и Димана ште доде,
Черкова сеир да гледа.
Ти викај млади попове,
С Дамана да ви венчејат.”
Послушал бе ја млад Стојан,
Загради в село черкова,
Та си ја вн'тре позлати,
Из в'нка си ја посребри.
Сичко сја село преврви,
Черкова сеир да гледа,
И најпокон ми идеше
Идеше мома Димана.
Ка си ја виде млад Стојан,
Отвори злати черкови,
Та влезе мома Димана;
Па вика млади попове,
Та ги с Димана венчаха.