Зборник на Миладиновци/ Марко, Арапин и Маркоица
Лазар и Петкана | Марко, Арапин и Маркоица од Браќа Миладиновци |
Марко и Гино арнаутче |
на современ македонски правопис |
Марко беше више на дивани,
Се опули по бели друмои,
Је зборует на своја невеста:
„Ој невесто, мое мило добро!
Што ке бидит м'гли и прахои,
Под Вароша, по бели друмои?”
„Дејди Марко, мој мили стопан!
Да не ми је голема превара!”
Уште речта двата не изрекле,
Ето порти вите се кљукает,
Је зборуват Марко невесте си:
„Појди слези во наши дворои,
И погледај што се порти кљукат!”
Ми отиде млада Маркоица,
Кога гледат црна Арапина.
„Ели чуеш млада Маркоице!
Даљ је тува Марко Кралевиќе?
Сум го чуло многу вино пило
И на облог се оболожуало;
Ако сакат да с' обложуеме,
Мие двата вино да пиеме,
Ако мене тој ме надпиет,
Ке му даам моја добра коња,
Ке му даам моја остра сабја,
Со сабиа глава да пресечиш;
Ако него вино го надпиам,
Да ми даит млада Маркоица.”
Тарчаинчкум се качи на диван:
„Дејди Марко, мој стопанине!
Сама, велит, лова што ни дошла,
Што ни дошла црна Арапина,
На облога он се обложует;
Ако него вино го надпиам,
Ќе ти даит негва добра коња,
Ќе ти даит негва остра сабја,
Со сабја глава да пресечиш;
Ако вино тои те надпиет,
Да му даиш млада твоја љубов.”
„Ај отвори наши вити порти,
Нека влезит црна Арапина!”
М' отвори от дворје вити порти;
Коња врза в д'лга конушница,
Па се вкачи више на дивани.
Што си пија три дни и три ноке,
В три дни никој од ним не се опи;
А Маркое му се здодеало,
Седееќум, вино пијееќум;
На Арапот Марко му зборвеше:
„Дејди Арап, море црни Арап,
Изин дај ми малу да прошетам!”
Малу во двор Марко се прошета,
Бргу по скалици се искачи,
С' искачи за вино загорено;
Чабур чаша полна ми испило,
Чабур чаша седумдесет ока.
Бог да биет црна Арапина!
Беше клало билки чемерлики;
А ја испи, дремка го навали.
Легна Марко малце да преспиет,
И он колај не се разбудует.
Бог да биет црна Арапина,
Што је велит младе Маркоице:
„Промени се, млада Маркоице!
Блаѕе си ти, што ке мен' кердосаш,
И мене со тебе јуш најблаѕе,”
„Фало богу единому, велит,
3ашто ти мене ке ме избавиш
От овего тешка пианица!
Почекај, постој ти да соберам
Се моето рубо невестинско,
Да му земам оружје Марково!”
Бог да биет црна Арапина!
Не ми чекат млада Маркоица,
Туку рипнал на ноѕе јуначки,
Прау тргат долна конушница,
Своја коња от тамо отрешует,
Па Маркоа коња отврзует,
Си ја качи млада Марко'ица.
Не ми терат, како коњ се терат,
Туку како силен ветар бегат.
Приближие до Солуна града,
Тамо велит млада Маркоица:
„Дејди Арап, дејди златен Арап!
Марко овде с' имат побратими,
Мене тие веднош ке познает,
А тебе на часот ке загубет;
Слечи твое свилно убао руво,
И ја него да си го облечам,
Страшен делиа да им се гледам;
На ти стори се кабаетлиа,
Ѓоа мноту љуѓе си искало,
Многу грешки сегде си сторило,
Да те носам прау Цариграда.”
Што појдоа на ладна меана,
На меана во Солуна града.
Личба личит млада Маркоица:
„Да слушајте Солунсни гражани!
Овој хајта мошне кабаетлиа,
Колку крвје турил по друмои,
Колку недугај хајта не сторило,
Ке го насам прау при Султана;
Немој некои Арап да загубит,
Оти џувап никој не ми дават!
Ноќе стана млада Маркоица,
До рамена глава му пресече;
Утро само кога се ос'мна
Пиштит тога страшен делибаша:
„Аљ слушате Солунске гражане!
От вас сакам црна Арапина;
Кој нему ноќе глава пресекло?
Си гражани арно разберите,
Бар' едно живо не остава!”
Тук се мољат Солунски гражани:
„Не можиме, велет, крај да најме,
Кој је Арапина загубило;
Све ни сакај што ке ни посакаш
Да даиме и да простиме.”
„Благо дајте дванаесет товари
Со се маски, с' млади кираџии;
Арапина така ви проштаам,”
Је дадоа Солунски гражани
Је дадоа се што посакала.
Та потера дванаесет маски
От Солуна назад се вратила.
Излегоа под Солуна града,
Под Солуна в зелени ливади,
Ми го стрети Марка Кралевиќа.
Изговори Марко Кралевиќе:
„Даљ ме чуеш страшен делибаша!
Дали идеш по море, по вода,
Дали идеш по бели друмои?
Ке те прашам, нешто да ми кажиш,”
Изговори страшен делибаша:
„Кажи Марко, Марко Кралевиќе!
Што неоља, Марко, ми те нашло?”
„Дали стрете црна арапина,
Да носит убава невеста?”
„Дејди Марко, Марко Кралевиќе!
Јас си идам от место далечно,
Јас си стретиф црна Арапина
Преку Стамбол тридесет конаци,
Кај носеше убава невеста,
Во погледот како Маркоица.
Дејди Марко, Марко от Вароша;
Дали краљство, море, не повељаш,
Даљ не можиш друга да си најдиш,
M'ш сакала, и м'ш си избрала.
Дали чуеш Марко Кралевиќе!
Ај ти назад, Марко, поврати се,
Дванадесет товари да тераш,
Да тоарвиш со моиот слуга,
Да тоарвиш и да растоарвиш,”
Кинисае по бели друмои;
Негде годе жена потерует
Ми го биет с три струка камџика,
Ми го биет Марка Кралевиќе;
Негде годе петици згазует,
От петици црн крв потекует.
Си дојдоа тие по Пирока,
Си фтасаа под бела Плетвара.
Тога опет страшен делибаша,
Опет фати Марка да прашует;
„Дејди Марко, Марко Кралевиќе,
Да ја видиш млада Маркоица
Дали можиш неа да познаиш?”
Изговори Марко Кралевиќе:
„Даљ ме чуеш страшен делибаша,
Немој така тебе да останит!
Кога гледаш во сурова земја,
Ти прилегаш млада Маркоица;
Кога гледаш она ведро небо,
Нигде немат пострашен от тебе.”
И дојдоа во бела Плетвара.
Рипна от коња млада Маркоица,
Качи Марка свои стопанина:
„Јаз сум твоја млада Маркоица.”
„Простум тебе моите црни крвје,
И проштам ти три струка камџика,
Што биеше по глава, по чело.”
Си ојдоа више на дивани,
Растоарје дванаесет т'вара благо.