Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Сирак Јован

Од Wikisource
Решпел Георгија Сирак Јован

од Браќа Миладиновци
Малечок Јован
на современ македонски правопис


Постигнала сирота вдоица
Постигнала едно м'шко дете;
Дете имат голема нишана;
На рамена криља позлатени.
Си го кладе во злата лељајка,
И го зави во кумаш пелена,
И го пови со срма повоја,
Си го леља и песма му пеит:
„Нани ми, нани сираче Јоане!
Да ми растиш, и да ми порастиш,
Да ми одиш во Будина града,
Да ми сечиш краљу негоа глава,
Да ми бидиш краља над кралеи!”
Бог и убил комши асеџии,
Што појдоа во Будима града,
Му казаа на краља от Будима.
Бог го убил краља от Будима!
Што ми пуштил до три елчии,
Ми појдоа во ceлo Ладотер,
И догледа сирота вдоица;
„Ајви вие до три елчии!
Аљ сте дошле за вино, за ракија;
Зашто мене ми се постигнало,
Постигнало едно м'шко дете.” -
„Ајти тебе сирота вдоице!
Не сакаме ни вино, ни ракија,
Тук не пуштил краља од Будима,
Да ни даиш твое м'шко дете.”
Г' однесоа при краља од Будима,
И му виде криља на рамена,
А на р'ка писмо написано,
Писмо пеит, от' ке бидит краља,
От' ке бидит краља во Будима.
Бог го убил краља од Будима!
Што го фрли во темна з'ндана.
На рамена та што му дојдое,
Света Петка на лево рамено,
А на десното света Недеља;
Лепо дете ми го гледае,
И лепо ми го книга учее.
Тога краља ми се поболило,
Што ми лежа за три години:
IПто ми викна попој и владици,
Да го краља тие изповедвет.
И им велит краља од Будима:
„Ништо грех ја не сум сторило,
С'де фрлиф во темна з'ндана
Мало дете, што го постигнала,
Постигнала сирота вдоица
Постигнала в село Владимиро.
Дете имат голема нишана,
На рамена криља позлатени,
А на р'ка писмо написано;
Писмо пееше краља да бидит,
Краљ да бидит во Будима града.”
Тога му велет попој и владици:
„Ајти тебе краља от Будима!
Што је овој грех што си сторил,
Да је зеиш дете от вдоица
Да му незнаит гробнина ке му је;
Баре да се гробнина му знаит.”
Бог го убил краља од Будима!
Што ми зборвит на Петре з'нданџиа
„Ај собери коски от детето,
Да и отнесиме дома при мајка му,
Да му знаит негоа гробнина.”
Кога отвори Петре з'нданџиа,
Глеат дете уште к'д' је живо;
Света Недеља на десно рамо,
А света Петка на лево рамо,
Му седее и книга го учие.
Ми се врати Петре з'нданџиа:
„Ајти тебе честиту краљу!
Уште мало дете било живо!”
Сам си појде во темна з'ндана,
Истргна сабја димишкиа,
Да пресечит сираче Јоана.
Што му скапна р'ка до рамена.
Тога скочи дете малечкоо:
„Ајти тебе краља од Будима,
Што си касмет ти голем имал
Сабја твоја глаа да пресечит.”
Ми истргна сабја димишкиа,
Му ја пре'ече краљу добра глаа.
Си излезе сираче Јоане,
И ми седна краљу на столнина.