Зборник на Миладиновци/ Кога ја месет сваќата у девојката

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кога ходат на строј Кога ја месет сваќата у девојката

од Браќа Миладиновци
Кога месет сваќата у зетот
на современ македонски правопис.


Свила се лоза винена
Околу града Легена;
Не била лоза винена,
Туку ми била девојка,
Окулу браќа се виет:
„Откупи мене, браке ле!
Јас не сум ск'по ценето,
За двесте триста грошеи.”