Зборник на Миладиновци/ Кога месет сваќата у зетот

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кога ја месет сваќата у девојката Кога месет сваќата у зетот

од Браќа Миладиновци
518 песна
на современ македонски правопис.


Пуштат Биљка по бела Босиљка:
,,Дојди, дојди бел Босиљче моје!”
„И да дојдам к'де ке те најдам?”
„Ке ме најдиш мајкини пазуи,
Ке ме најдиш таткои скутеи,
Ке ме најдиш братои дворои.”