Зборник на Миладиновци/ Кога у зетот плетат венец за невестата

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кога готват невестата Кога у зетот плетат венец за невестата

од Браќа Миладиновци
Кога да одат по невестата
на современ македонски правопис.


Вило моме три зелени венци,
Први вило от здравега здравца,
Второ вило от бела пченица,
Tpeќo вило от црноно грозје.
Това што је от здравега здравца,
Фрлете го јунакови дворје,
Да се здрави и да се весели;
Това што ет от бела пченица,
Фрлете гo у нашето село,
Да изникнит се бела пченица;
Това што ет от црното грозје,
Фрлете го јунаково лозје,
Да се родит се црвено вино.