Зборник на Миладиновци/ Кога одат за невеста
Изглед
522 песна | Кога одат за невеста од Браќа Миладиновци |
Кога одат по невеста |
на современ македонски правопис. |
„Зеташтина, чуже земјанине!
Што си дошол во нашава земја?
Аљ си дошол оро да играме,
Аљ си дошол вино да пиеме,
Аљ си дошол камен да фрљаме?”
„Ај ви вие сестри непознајни!
Не сум дошол оро да играме,
Не сум дошол вино да пиеме,
Не сум дошол камен да фрљаме,
Тук сум дошол по наша другачка.”