Зборник на Миладиновци/ 522 песна

Од Wikisource
Кога да бричет зетот 522 песна

од Браќа Миладиновци
Кога одат за невеста
на современ македонски правопис.


Посвршил се Симон добар јунак
Се посвршил многу на далеку
Три конаци преку црно море
И четири преку рамно поле.
Дојде коа, дојде лепо време,
Да си зеит убаа невеста.
Допуштила Симоноа тешта:
„Ај ти тебе Симон зеташтине!
Да не идеш со малу сватои,
Тук на дојдиш со многу сватои;
Ако дојдиш со малу сватои,
Ние не те в града прибираме,
Нити тебе мома изваваме.”
Се зачуди Симон добар јунак,
Глаа кршит от свои рамена,
Р'це кршит от свои колена,
Ноѕе кршит от бели камења.
Го догледа негоа стара мајка:
„Ајти синко, Симон добар јунак!
Што те тебе нужба дотерало,
Глаа кршиш от свои рамена,
Р'це кршиш от свои колена,
Ноѕе кршиш от бели камења?”
„Ајти мајка, ајти стара мајка,
Допуштила моја стара тешта,
Да не ода со малу сватои,
Оти не ми мома изважала!”
„Ајти синко, Симон добар јунак!
Аљ тоа те тебе брига нашло
Колку сакаш сватои ти идет.”
Си пособра китени сватои,
Си отиде Симон добар јунак
Три конаци преку црно море,
А четири преку рамно поле,
Го пречека Симоноа тешта,
Му даде нејѕина мила керка.