Зборник на Миладиновци/ Кога носат невестата у зетот

Од Wikisource

Кога да одат по невеста Кога носат невестата у зетот

од Браќа Миладиновци
567 песна
на современ македонски правопис.


К'де иде галена малена,
Галена малена со есен молена,
Со есен молена и со пролет?
Дури сме си моме изм'миле,
Дури сме си моме измолиле,
Дури сме си моме посвршиле,
Па излези јунакова мајка,
Та да видиш што ти добро дошло;
Та ти дошла снаха за отмена,
И за сина за бела промена.
Слези момо от добраго коња.
Ни слегнуе Мара, ни зборуе,
Туку ми се често поклонуе,
Често, често коњу до гривата,
А деверу дури до рамена;
Таксај свекре големото лозје,
Белки Мара от коња ке слезит.