Зборник на Миладиновци/ Кога да одат по невеста

Од Wikisource

Кога девојката излегвит да целиват р’ка Кога да одат по невеста

од Браќа Миладиновци
Кога носат невестата у зетот
на современ македонски правопис.


Сви сватови на коња вјахнаа,
Младожења на коња не вјаа,
Дур' да земе от татка проштање,
И от мајка, и от сета рода.
Јунаку се срце разиграло,
Като риба во длабоко море,
Како вино во стребрена чаша,
Како овен во стадо големо,
От' ке иде по млада невеста.