Зборник на Миладиновци/ 567 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кога носат невестата у зетот 567 песна

од Браќа Миладиновци
568 песна
на современ македонски правопис.


Коња водам на студена вода;
Коњ ме воде а горе, а доле,
Ме отведе у момини дворје,
Коњ ми висна, сиви сокол писна.
Не излезе убава девојка,
Та излезе момината мајка;
На керка је тихко говореше:
„Па излези, керка, не излегла,
Та да видиш што ни добро дошло,
Добро дошло у наши дворови.
Да сум стара, би го посинила,
Да сум стредна, би го заљубила,
Да сум мома, би си го узела.”