Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Кога излегвет од куки

Од Wikisource
Кога девојката истрвает Кога излегвет од куки

од Браќа Миладиновци
Кога да ходат на црков за венчање
на современ македонски правопис.


Си сватои на коња јавнале,
Млат зеташин на коња не јавнал,
Тук си учит убава нееста:
„А невесто, киско босиљкоа!
Кога мие дома ке појдиме,
Ке излезит моја стара мајка,
Ке излезит со крондил ракиа,
Ке ти даит со чаша викиа,
Ти да ми је чаша не потземвиш;
Да је даиш брату Костадину.
А невеста умна и разумна,
Кога појде во негои двореи,
Је пречека негоата мајка,
Је изваде со крондил ракиа,
Је подаде со чаша викиа.
Је позела убаа нееста;
А нееста умна и разумна,
Не ја испи, ни чаша је даде,
Тук је тури на земја суроа.