Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Кога да ходат на црков за венчање

Од Wikisource
Кога излегвет од куки Кога да ходат на црков за венчање

од Браќа Миладиновци
Кога да се приближват в црков
на современ македонски правопис.



Змех прелетал преку црно море,
А пот криља змех што ми носеше?
Ми носеше убаа девојка.
Ми оделе тие што оделе,
Колку дошле во гора зелена
Негде је се студна вода спило,
И говорит убаа девојка:
„Ај ти тебе змеје горјанине!
Мене ми се студна вода пиет.”
И је велит змеа горјанина:
„А егиди убаа девојка!
Ајде слези долу пот планинче,
Тамо имат два студни кладенци,
Крај кладенци триста јаничари;
Тие ке те тебе опитает,
От кој сој и от која фара си;
Да не кажвиш от која фара си,
Дан те држат триста јаничари;
Да се кажиш от голема фара:
„Татко ми је Марко Кралевике,
Вујко ми је Јанкула Војвода,
Брате ми је Секула детенце,
Стопан ми је змеа горјанина.”
Како лепо што си ја научи,
Си отиде убаа нееста,
Тамо најде триста јаничари,
Дури неа тие опитае,
От кај сој е, и от која фара,
Тие вода нејѕе не дадое.
И им каза убаа невеста,
Им се каза от голема фара:
„Татко ми је Марко Кралевике,
Вујко ми је Јанкула Војвода,
Стопан ми је змеа горјанина.”
Је зедое две злати маштрапи.
Је дадое нејѕе студна вода,
Ја пуштие назот да си оит,
Ја пуштие и ја попратиа,
Зашто беше от голема фара.