Зборник на Миладиновци/ Кога земает невестата

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кога да одат по невестата Кога земает невестата

од Браќа Миладиновци
Кога је давает чевлите
на современ македонски правопис.


„Зеташине, туѓо земјанине,
Што си дошол бој да се биеме?
Ељ си дошол, вино да пиеме?
Ељ си дошол, камен да фрљаме?
Ељ си дошол скокум да скокаме?”
„Не сум дошол, бој да се биеме;
Не сум дошол, вино да пиеме;
Не сум дошол, камен да фрљаме;
Не сум дошол скокум да скокаме;
Тук сум дошол з' убава девојка.
Ој девојко не тропоти мошне
До прва је твое тропотање.”
Плела мома мрежа от коприна
И ја фрли длабоко езеро,
Улоила риба шестокрила,
В стребрен ваган ја сварила,
Ја ставила прет чеснаго кума.