Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Кога да се приближват в црков

Од Wikisource
Кога да ходат на црков за венчање Кога да се приближват в црков

од Браќа Миладиновци
Кога се враштает от црков
на современ македонски правопис.



Што је врева во Поројна црква?
Али грмит, аљ се земја тресит?
Не ми грмит, ни земја се тресит,
Се венчаат Милош со нееста.
Је постиснал прсти со прстени,
Таја му се нему милно молит:
„А Милоше, мое добро мило!
Не стискај ми прсти со прстени.”