Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Кога да играет сваќата

Од Wikisource
Кога да се приближват дома Кога да играет сваќата

од Браќа Миладиновци
537 песна
на современ македонски правопис.


Мори сваке Јоанице
Мори на к'лк соканице,
Мори вртокалчинице!
Имаш калци от к'лчишта,
А чораби от кожина,
А кошуља от пуздерки,
А марама от коприи,
А џубето от камчина.
Што је сваќа непечена?
Што н'си јавна магаренце,
Да си појдиш в Ќумурица,
Да набериш суви дрва,
Да испечиш наша сваќа!
Мори сваке Јоанице!
Што је сваќа несолена?
Што н'си јавна магаренце,
Да си појдиш во Елбасан,
Да си зеиш малу сољца,
Да осолиш наша сваќа!
И пак ти је малечкаа,
Што н'си јавна магаренце
Да си појдиш в Радолица,
Да си зеиш малу брашно,
Да напраиш наша сваќа
Наша сваќа поголема!