Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Кога да бричет зетот

Од Wikisource
520 песна Кога да бричет зетот

од Браќа Миладиновци
522 песна
на современ македонски правопис.


Заспало ми Иво Самогорче,
Кој поминвит Ива не разбудвит,
Дур долета горска еберица,
С криља трепна Ива го разбуди:
„Стани, стани, Иво добар јунак!
Аљ си женет, аљ си неженето?”
От сон ми се Иво разбудило,
И говори Иво добер јунак:
„А егиди, горска еребица!
Ни сум женет, ни ке да се жена,
Ке си зеам девет бракем сестра.”
И го дочу и бога ми молит:
„Леле боже, леле мили боже!
Дај ми, боже, пролецки грмежи,
Дај ми боже есенски дожеи,
Да откорнит кула от кремења!”
Как девојка луто што прок'лна,
Така госпот нејѕе је поможи.
Даде госпот пролецки грмежи,
И ми даде есенски дожеи,
И откорна кула от кремење.
Пак девојка бога помолила:
„Дај ми, боже, очи соколои,
Дај ми, боже, криља лабедои,
Да прелета Сава и Дунава,
Та да падна во војска цареа,
Да одбера момче спроти мене,
Што не пиет вино и ракиа,
Што му пеит саат во пазуа,
Што му играт коња во двореи,
Што му играт куна на колена!”
Как девојка бога што помоли,
Така господ нејѕе је поможи,
И је даде очи соколои
И је даде криља лабедои,
Си прилета Сава и Дунафа,
Та си падна во војска цареа,
Та си отбра љубов спроти неа,
Што не пиет вино и ракиа,
Што му пеит саат во пазуа,
Што му играт коња во дворои,
Што му играт куна на колена.