Зборник на Миладиновци/ 520 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
519 песна 520 песна

од Браќа Миладиновци
Кога да бричет зетот
на современ македонски правопис.


Префрлила се к'пина,
Преку висока планина;
Та не ми беше к'пина,
Туку ми беше девојка,
На мрамор камен седеше,
Со русо момче зборвеше,
Русо му перче чешлаше,
Руси мустаки сучеше.