Зборник на Миладиновци/ Жална Кана

Од Wikisource
Јована и дервиши Жална Кана

од Браќа Миладиновци
Мариа плената
на современ македонски правопис


Мори Кано, жална кано!
Бог да бие врли Турци!
Што фарлиха зла ифтира ,
Зла ифтира турска беда,
Оти Турчин си љубила,
Младо Турче Јаничарче.
Те фарлиха в темен з'ндан,
Те удриха судна м'ка,
С тежок тумрук на ноѕете,
Дребен синџир на грлото,
Белезии на р'цето;
Судна м'ка ми те м'чат,
Сакат да ми те потурчат.
Бог да бие твоја тета,
Што си дојде на мајка ти
Да и веле и говоре:
„Варај сестро, мила сестро!
Што си стоиш, што си гледаш?
Стан' д' одиме на з'ндана,
Да видиме жална Кана,
Даљ је жива, даљ си умре.”
Твоја мајка ја послуша,
Та дојдеа на з'ндана;
От далеку ми си викат:
„Мори Кано, мила штерко,
Даљ си жива, иљ си умре!”
Жална Кана се провикна
Се провикна од з'ндана:
„Жива сум си, на м'ка сум;
С тежок тумрук на ноѕето,
С дребен синџир на грлото,
С белезии на р'цето,
Сакат мене да потурчат.”
Бог да бие твоја мајка!
Тогај веле и говоре:
„Дај си вера, милна штерко,
Ке загиниш уште млада,
На пуста младост неодена,
На рухо ненаносена,
На оро ненаиграна,
На песни ненапеана.”
Се провикна жална Кана:
„От бога, мале, да најдеш!
Ка дојде, мале, да не дојдеше
М'лчи, мале, онемела!
Дека стоиш ослепела.
Как си вера да предадам,
Што ја прво да забравам!
Дал на оро ке ме видиш?
Аљ на гости ќе ти дојдам,
Иљ на гости ке ми дојдиш?
Или браќа ке пречекам,
Или в црква ке си одам,
Или Велигден ке чинам,
Ели божик ке дочекам?
Еден ден имат в година
Ден си имат, ден бајрам,
Па не знајат кога идит.”
Как дочуха врли Турци,
Оште в м'ка ја удриха;
Не им стигна тежок тумрук,
Не им стигна дребен синџир,
Не им стигна белезии,
В нокти спици и набиа.
Душа даде, а не вера.