Зборник на Миладиновци/ Јована и дервиши

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стојан и Ганка Балканка Јована и дервиши

од Браќа Миладиновци
Жална Кана
на современ македонски правопис


Јовано, лична, Јовано!
Направи ладна меана,
Прави висока керхана
На два п'та, на два друма,
Дек' врват људи секакви,
Дек' врвит криво и слепо.
Там седе лична Јована,
Да си збрала триста калфи,
Та продава рујно вино,
Рујно вино, љута ракија.
Пречула ми се Јована,
С убавина, гиздовина,
Најповике со работа,
На сета земја се пречу
Сета земја околиа
И Вардаска Вардариа,
На Солунската наиа;
Дур' се пречу на Дервишка
Дервишка далечна земја.
Нели дочу Дервиш-баша,
Та си собра триста души
Триста души, голи Дервиши.
Навјанаа брзи коњи,
Кинисаха ке си појдат
Ке појдат Јова да пленат.
Ка дојдоха до стрет п'тот,
Нел' дотекна на Јована,
Та се качи на меана,
Та разгледа горе, долу
Горе, долу по друмове;
Нигде ништо не загледа.
Се здадеха темни м'гли
Темни м'гли и прахови.
Не са били темни м'гли,
Ток' били голи Дервиши.
Скоро скоро се свалила
И на калфи им говоре:
„Варај калфи вие шегарти!
Току идат триста души
Триста души голи Дервиши.
Ка дојдат голи Дервиши,
Столови да им кладете
И чаши да им дадете.”
Дур си речта да дорече,
Дојдоха голи Дервиши,
И излезеха шегарти,
Та фатиха брзи коње,
И им столови кладоха;
На сите вино дадеха.
Тогај веле Дервиш-баша:
„Не сме дошле да пиеме,
Тук сме дошле да плениме
Да плениме лична Јова.”
Тога веле лична Јова:
„Лељ сме дошле да м' плените,
Јазе сакам, с вас ке дојдам.
Ке појдиме црно море,
Ке ви пливнам по морето
Вие по мене да пливнете;
Кој преплива црно море,
Тои мене ке ме земе.”
Послушаха лична Јова,
Та и вељат и говорат:
„Ке одиме црно море.”
Та станаха, та појдеха.
Та спливна лична Јована;
Дервиши спливнаа по неја.
Ка си појде до стред море,
Се поврна за да виде –
Калпаци пливат над море,
Дервиши немат по неја;
Па она назад се врна,
Се врна излезе на крај,
Да си појде на механа,
На калфи веле, говоре:
„Турејте ми чаша вино,
Зашто сум си уморена,
Дур' д' издавам триста души
Триста души голи Дервиши.”
Је туриха рујно вино,
Лична Јова та се напи;
От з'б на з'б в грлo немат.