Зборник на Миладиновци/ Секулов гроб
Изглед
Димни Марко и Турчин Војвода | Секулов гроб од Браќа Миладиновци |
Милка Котленка и Петар Трговец |
на современ македонски правопис |
Поминале млади кираџии,
Поминале крај порти Секулој.
И опитвит Секулоа мајка:
„Ај ви вие млади кираџии!
Аљ минафте река чемерлиа
Аљ минафте крај више К'пина,
Аљ видофте гроба Секулоа!”
„Ајти тебе Секулоа мајка!
Си минафме река чемерлиа,
И минафме крај више К'пина,
Ја видофме гроба Секулоа,
А на глава крстетна бајрака,
На бајрака дванаесет крсти,
А на крсти камни безценети.”