Зборник на Миладиновци/ Димитар

Од Wikisource
Радич јунак и Арапин Амза-бег Димитар

од Браќа Миладиновци
Темишвар Ѓуро, Марко кралевике, Јанкула војвода и дете голомеше
на современ македонски правопис


Сношти пo тајната вечера,
Триста пушки сја пукнале,
Петстотини момци сја паднале,
Шестотин мајки викнале,
Петстотин гробове cja нап'лнале.
Всичките мајки плакале,
Плакале и преплаквале;
Димитровата к'та ден,
Плакала и преплаквала.
Дошло е бела с'бота,
Свички мајки на гробишта,
И плакале, преплаквале,
Дори на гроба заспала,
Ha с'не Димитар дошол;
Проклета да је мајќата,
Која си мајќа плакала,
Ta мртви души грешила!
Аз си бех, мамо, во рај божај,
Ти много плака, преплаква,
Ta м' испадиха от раја.”
Кога сја с'будила мајка му,
И било вечер спроти недеља,
И си отишла в темни зимници,
Извадила најбаш дрехи,
И cјa обљакла, и накитила,
И си отишла в черкова,
И си сја богу молила,
Димитар да преврне:
„Боже, да видиш какво драго,
Кога имаш малко детенце,
И да порасте детенце,
И да му земе помошница.”
И трганала през селото,
Co голем глас викала:
„Проклета да е мајќата,
Која е мајка плакала
Ta мртви души грешила.”
Де седја господ, та слуша,
Го преврна Димитар,
Oт малак до голем,
Да го гледи мајка му,