Зборник на Миладиновци/ Темишвар Ѓуро, Марко кралевике, Јанкула војвода и дете голомеше

Од Wikisource
Димитар Темишвар Ѓуро, Марко кралевике, Јанкула војвода и дете голомеше

од Браќа Миладиновци
Бела Неда и Рус војвода
на современ македонски правопис


Шедба шетат Темишвара Ѓуро
Шедба шетат сва земја царева,
Шедба шетат три години време,
Да изберит мома спроти него.
Обидило седумдесет града,
Седумдесет и седум градове,
Нигде мома не го бендисало
Спрти него лична и хубава;
Ка' отиде града Сланкамена,
Тамо је го мома бендисало.
Посврши се и прстен си даде,
Прстен даде три товари хазно,
Збор чиниле, до една недеља
До недеља тешка свадба сакат.
A што беше Темишвара Ѓуро!
Привјавна cи коња Карамана,
Тогај веле Темишвара Ѓуро:
„Ти ме чуеш, стара мајко моја!
Замеси ми две бели погачи,
Наточи ми две здравици вино;
Аз ке идам во Прилепа града,
Кум ке кладам Кралевике Марка,
Постар девер Јанкула Војвода.
Азе знаи, мајко присвршиф сe,
Присвршиф се од, града Сланкамен.”
Тогај веле неговата мајка:
„Сполај богу, отмена да вида!”
Засукала скути, ем р'кави,
Замесила две бели погачи,
Наточила две здравици вино.
Пa што беше Темишвара Ѓуро!
Пa калеса до две посестрими,
Да замесат колачи за свадба.
Пa cи зема две бели погачи,
Пa cи зема две здравици вино,
Привјавна cи коња Карамана,
Кум си кане Кралевиќа Марка,
Постар девер од Сибина Јанка;
A cи немат помало деверче,
Што ке воде младата невеста.
Допита се до негова мајка:
„Ти ме чуеш, стара мајко моја!
Учи мене, как те учил господ,
Ка' да чинам за млада девера?”
Тогај веле неговата мајка:
„Сине мои, Темишвара Ѓуро!
Да привјавниш коња Карамана,
Да кинисаш пo бели друмове,
Што кe сретиш, синко, што ќe стигниш,
Фати побратим пo свети јованство,
Да гo чиниш младоно деверче.”
Лепо мајко што поучи сина!
Лепо сина што послуша мајка!
Пa пријавна Темишвара Ѓуро
Пa пријавна коња Карамана.
Киниса cи пo бели друмове.
Нема ништо јунак да си стрете.
Нема ништо јунак да си стигне.
Ка отиде покрај слано море,
Остреќа мy дете голо, босо,
Гологлаво, дете голомеше,
До мишките в песок запретано,
Дек' cи игpa co дробни камчина.
Изминало Темишвара Ѓуро,
Maлy замина и вчас му текна,
Како је го мајко поучило; -
Ког' ке најдиш, сину, ког' ке стретниш,
Heгo за девер да го отбериш.
Ce поврна Темишвара Ѓуро
Kaи дете, дете Голомеше:
„Дабро утро, дете Голомеше!
Идеш ли ти да те фатам побратим,
Побратима пo свети јонаство?
Baja недеља младо ке се женам,
Да ми бидеш помали девера!”
Наљути се дете Голомеше:
„Ајд' от тука, незнаено деља,
Немој с мене пеза да се биеш!
Ак' издигнам еден студен камен,
Да те удрам меѓу двете очи,
Ке т' испрснат очи oт главата!”
Зак'лна cе Темишвара Ѓуро:
,,He cе биам с тебе пеза, брате,
He сe, брате, co тебе шегувам,
Тако ми, брате, свети Јованство!
И тако ми до четири пости,
Што постиме еднош во година,
Најтешки пости великови!”
Заверува дете Голомеше,
Испаднало од студени песок.
A што беше Темишвара Ѓуро!
Пa гo фрли зат Heгo на коња,
Однесе го на свои дворове,
Отвори мy шарени санд'ци:
„Гледај, веле, дете Голомеше,
Која руба тебе ке бендиса,
Таја руба, дете, да облечиш.”
Избрало је руба спроти него,
Облечи се дете Голомеше.
Пак го пушти в шарена одаа,
Дека стое тешкото оружје:
„Гледај, дете, кое оружје сакаш.
Тва оружје, дете, да препасиш!”
Избрало си дете боздогана,
Дип је лека сто ј шеесет ока;
Избрало је таја остра сабја,
Ha дл'жина шеснаесет педи.
Во ширина до четири педи.
Пa гo пушти в конска конушница:
„Гледај дете, која сакаш коња,
Таја коња, дете, да привјавниш!”
Влегло дете в конска конушница,
Да обидит коња за вјавање;
Коњи тргат многу за опашка,
Коњи тегне во дворје изфрљат;
Ког' дојде на коња Карамана,
Трга, коња не сe поместува.
Избрало је коња Карамана,
Познал го је хујлиа, ќутлиа;
Седум п'ти на војска ходило,
C' ударало с црните Арапи,
Што летнува ничкум коленички.
Го поседла седло шикосано,
Заузди го узда позлатена
Престегна му дванаесет колана.
Па удриле три чивти т'п'на,
Па развиле три свилни бајраци,
Ке си одат за млада невеста.
Напрет тегне дете Голомеше,
От сите је тој подобар јунак,
Како ќосем в това суво стадо.
Кинисале пo бели друмове,
Ке поминат низ гора зелена,
Остреќа и една страшна беда,
Страшна беда Хала халетина,
Халетина, црна Арапина.
Долна уста на гр'де му бие,
Горна уста в чело го удара.
Глава има колку два т'п'на,
Очи има колку две паници,
уста има колку мала врата,
З'би има четири дикели,
Нодзе има Солунски диреци.
Кога клапат таа пута уста,
Дур' од уста огин изфрљува,
Дур' на гора листови облива.
Тога веле црна Арапина:
„Харн' идете за млада невеста,
Како вие назот се вратите,
Чија ке је младата невеста?”
A нa дете око не трепнуве;
Тегне дете пo бели друмови,
Отишле cи за млада невеста.
A што беше девојкина мајка!
Сите дарба ми и дарувала,
Кому крпче, на кому јалаче;
Марку дала тешка боздогана,
Ha Јанкула копје костеново;
A на дете ништо не дадова,
Оти беше като јабанџиче;
Дадоа мy младата невеста,
Да ja чуве од лошо пo п'тове,
Оти беше тој подобар јунак.
Па удриле три чифта т'п'ни,
Kинисале пo бели друмови.
Напред тегне Кралевиќе Марко,
A пo него Јанкула војвода,
По Јанкула Темишвара Ѓуро,
A пo Ѓура китени сватови.
Ке поминат низ гора зелена,
Дека седе црна Арапина,
Дека седе на друмје широки,
Оно седе голо, распасано;
И говоре црна Арапина:
„Ме чуите китени сватови!
Фрлите што ви се дарувале,
Ак сакате живи д' откините!”
A што беше Кралевике Марко!
Јунак беше, ама ce уплаши,
Оти беше страшна Халетина.
Прво Марко дабра изфрлило,
A пo нeгo Јанкула Вајвода,
Сите биле дарој исфрлени,
Дар фрлиле, cите разбегнале,
Сос них бега Темишвара Ѓуро;
Од страхови Ѓуро заборавил,
От' имал назат млада невеста.
Сам остана дете Голомеше,
Сам остана со млада невеста.
Тога веле црна Арапина:
„Фрли, дете, што те дарувале,
Ако сакаш живо да останиш!”
Изговоре дете Голомеше:
„Кахпе еден, црна Apaпина!
A на мене ништо не дадова,
Дадоха ми младата невеста,
Да ја чувам от лошо пo п'тове;
Глава давам, невеста не давам.”
Изговоре црна Арапина:
„Дај, дете, младата невеста!
Ако пљунам сет*) ке те удавам,
Ако дунам сет ке те отнесам,
Сабја немам крвца да натопам,
Ако зинам, дете, ке те голтнам.”
Изговоре дете Голомеше:
„Давран кахпе, црна Арапина!
Давран кахпе, да се обидиме!
Да видиме кој од нас појунак,
Koгo мајка повике довила,
Кого сестра повеке љуљала”
Изчека го дете Голомеше,
Дур' Арапин коња да прифати.
Прифатило коња дебелаго,
Дебелаго, коња, крши-горо.
A што беше дете Голомеше!
Тргна дете на нишан застана.
Apaп фрли тешка боздогана;
A што беше детевата коња!
Легна коња ничкум коленички,
Тркаља ce пo трева зелена,
Над дете ми боздоган поминал,
A ништо ми на дете не било.
Изговори црна Арапина:
„Чекај, дете, на измамка биде,
Чекај, дете, ушт еднош да фрљам!
Јазе сега, дете, лошо фрлих.”
Изговоре дете Голомеше:
,, Кахпе една црна Арапина!
Една мене мајка ме родила;
Јас да фрљам, ти после ке фрлиш;
Лепи госпот, како ке ни даде,
Eли тебе, море или мене.”
Вид' Арапин никако не бидве,
Тргна Apaп нa нишан застана.
Итро беше дете Голомеше,
По от ниско боздогана мере;
Арапска коња хујлиа, ќутлиа;
Фрли дете с тешка боздотана,
Арапски коњ коленички легна,
Погоди го црна Арапина,
Погоди го во гр'ди широки.
Падна Арап от коња на земја.
Арап падна, дете гo навјахна;
Потргнало сабја димискиа,
A на сабја дванаесет огледала,
Свете сабја, како летно с'нце;
Кога махна с таа остра сабја,
Ha Арапин глава мy пресече,
От сила се сабја испуштило,
Седум буки с сабја пресечило,
И пак ништо на сабја не било.
Па отиде пот арапски чадар,
Тамо најде триесет м'ски хазно,
Триесет м'ски хазно товарени,
Сите они биле зауздени;
Ушт' да земал младата невеста,
Ке си отишал на Арапска земја,
Зема дете Арапската глава,
В торба да туре, торба не ја бере,
Фрли глава н' еден панагонен;
Поведе си младата невеста,
Поведе cи триесет м'ски хазно,
И поведе Арапската коња.
Прау тегне на Ѓурови порти;
Застанало oт вонка на порти,
Заслуша се дете Голомеше,
Марка слуша дете благослова,
До сег' пихме за радост, весеље,
A од сега за детова душа,
Оти ни је дете загинало,
Наљути ce дете Голомеше,
Па потргна тешка боздогана,
Ка' ударе тие тешки порти,
C чершевина врати извадило,
Стреде дворје врати натерало.
Растовари триесет м'ски азно,
Испуштило до две добри коња,
Испушти и коњи да шетает,
Искачи се на вишни дивани,
Тркаља си Арапската глава,
Тркаља cи пo чесна трпеза.
A што биле китени сватови!
Попаднале ничкум на трпеза,
И стресало тригодишна треска.
A што беше дете Голомеше!
Дофати си Кралевиќа Марка;
„Eлa Mope Марко Кралевике!
Ког' не можиш невеста да чуваш,
A што ке ти кум ти да си одиш?
Да т' научам, научен да бидиш.”
М' удари петнаесет боздогана.
Пак го фати Јанкула Војвода:
„Ела море, Јанкула Војвода!
Ког' не можиш невеста да чуваш,
A што ке ти девер да cи одиш?
Да т' научам, научен да бидиш.”
М' удари шеснаесет боздогана,
Боздогана от сто шеесет оки.
Пa гo фати Темишвара Ѓура:
„Ела море побратиме Ѓуро!
Ког' не можиш невеста да чуваш,
A што ке ти на тебе невеста?
Да т' научам, научен да бидиш.”
Удари му дваесет боздотана.
Тога веле младата невеста:
„Удри, браче, колку ти је драго,
С’де гледај с’ душа да г оставиш
Дан’ му скршиш, браче, некоа коска;
Три п'ти сум, браче, поврнена,
От онаа црна Арапина,
Дан’ се чинит до четири п’ти.”
A што беше дете Голомеше!
Ред и реди китени сватови,
Ред и уеди пo чесна трпеза,
Като с чаша вино и служува,
Кој как може боздоган да носе,
Кому пет, кому три боздогана,
Ha никому хатар да н’ остане.
Па и собра на чесна трпеза,
Пособра и вино да си пиат;
Намахна им тешка боздогана:
„Ак' нејките вино да пите,
Уште еднаш ја ке ве изредам
Ке в' изредам с тешк'а боздогана.”
Сви седнале китени сватови,
Сви седнале на чесна трпеза,
Кои от страх, a кој за хатар,
Седнале ми за да пијет вино.
Јале, пиле три недели време.
Било свадба, брате, поминало,
Отишле си кумови, сватови.
A што беше дете Голомеше!
Товарило триесет м'ски хазно,
Превјахнало Арапина коња;
„Остан' с богом, побратиме Ѓуро
Што сакахме не дарува господ,
Теб' невеста, a нa мене хазно!”
Отиде си дете на свој двореј,
И дете конаци соградило,
И дете се младо оженило.
От јунаци песма останала,
Да се пее, да се прикажуве.
Това, брате, пo от давна било,
Дур не било, не би се славило.
Што послуша се весело било,
Се весело и от бога здраво;
Сите биле здрави ред пo редум.