Зборник на Миладиновци/ Свети Петар и мајка му (2)

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Еднаква Свети Петар и мајка му

од Браќа Миладиновци
Дечански манастир
на современ македонски правопис


Свети Петар в рај ке појде
В рај ке појде рај да види
Грешна мајко на след него,
Теком тече, сл'зи рони
Сл'зи рони виком вика:
„Стој, почјакај, свети Петре,
С тебе мама в рај да иде,
В рај да иде, рај да види,
Христу богу да достои.”
Обрна сја свети Петар
Та погледна низ негово
Низ негово десно рамо
Сл'зи рони низ хубаво
Низ хубаво светло лице;
Отговарја свети Петар:
„Леле варе, грешна мале,
Не си згодна в рај да идеш
В рај да иде, рај да види,
Христу богу да достоиш.
Кога бехме, мила мамо,
На бело, мамо, видело,
Ние бехми чорбаџии
Чорбаџии механџии,
Додеха си два божеци,
Засвириха, запееха,
И сја, мамо, помолиха
За Христово светло име;
Но ти, мамо, не ги дари,
Да (ја) извади из м'ката.
Па си скубе од косата
От косата една влакно
Наставја го сос листото
Хван'ха с' грешни души
Че си им е натежало
Да си седат, да си горат.
Отговарја грешна мајќа:
„Отв'дете сја грешни души,
Не сте згодни из м'ката
Из м'ката д' излезете,
Не сте дале вие листо
Вие листо като мене,
Вечна м'ка д' излезете.”
Штом изрекла таја дума,
Влакното сја прек'снало,
Та падн'ла грешна мајќа,
Вов д'ното на м'ката.

Белешки

*) На -но