Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Два брата и сестра

Од Wikisource
Станковиќ Дуко се исповедвит Два брата и сестра

од Браќа Миладиновци
Краљ Шишман, краљ Латин и овчар Табарина
на современ македонски правопис



Два се брата милно милувает,
От ошто се браќа милувает,
От еднош се браќа посвршие,
И от еднош си се ожение;
Си зедое две млади неести.
Си имае една мила сестра;
От ошто је сестра милувае,
Напраие шарена одаа,
От милости сестра не ја м'жат,
Си ја држет в шарена одаа.
Тук се чудет две млади неести,
Како да је сестра отмилеет
От нејѕини до два мили браќе.
Си имае едно м'шко дете,
И обете си се сузборвее;
„Кога ке одет браќе на лоење,
Д' откључиме шарена одаа,
Да сегниме во нејѕини џепеј
Д' извадиме нејѕини ножина,
М'шко дете да го загубиме,
Туку да је сестра отмилиме,
Отмилиме ад нејѕини браќа.”
Како шта се кучки сузборвее,
Така си го зборот свршие.
Браќа ошле в гори на лоење.
Отхључие шарена одаа,
Украдие фрушкине ножина,
Стреде диван дете загубиле,
Се со крви ножје утопили
Во џепеи ножје је кладое,
И одаа си ја закључие;
А та уште не се разбудила.
Кога ми се зора обзорила,
Ми дојдое нејѕините браќа:
А две кучки на диван пиштеет.
Се зачудвет нејѕините браќа:
„Ајви вие две млади неести!
Што је ова вие што чините,
Што си коси вие растуриле?
Али ни је сестра загинала?” –
„Ајви вие два браќа рогени!
Бог ви убил вашите ќудои!
Бог ви убил и вашата сестра!
Зашто си ја милно милуафте,
Голем унер сестра ви напраи!”
Мили браќа си се саштисале,
Кога рекле две млади нсести –
Ви загуби ваше м'шко дете. –
Тога зборвет два браќа рогени:
„Не је кабил сестра да сторила,
Наше дете да го загубила!”
Тие кучки пак шт им велеет:
ÂА егиди два брата рогени!
Кога не је ваша мила сестра,
Отворите шарена одаа,
Да видите ваша мила сестра.
Два брата ми на одаа ошле
Со кротко је одаа отворвет,
И си влегле при сестра рогена.
От еднош је сестра не разбудвет,
Со кротко је сестра разбудие.
Сестра им се мошне уплашила;
„А егиди два браќа рогени
Што је пискот на диван високи?” –
„А егиди наша мила сестро!
Аљ не знаиш што си сработала!
При милоста што си ја имафме,
Наше дете си го загубила!”
Тога ми се сестра уплашила,
Тога ми се сестра зак'лнала:
„Ајви вие два браќа рогени!
Што је овој збор што ми зборвите!”
„Кога си ни, сестро, на пра'ина,
Изваи си твоите ножеи,
Што се ножје в крви утопени.
Тук и мие ке те загубиме.”
Је изваје во стреде двореи.
Мила сестра на браќа им зборвит:
„Ејви вие два браќа рогени!
Во двореи крв да не чините,
Туку да ме браќа однесите
Однесите во гоpa зелена,
На некоа рудина детелина;
Тамо имат едно суо дрео
Тамо имат една суа чешма.”
Како им се сестра помолила,
Така си je два брата почуле,
Је однесоа во гора зелена;
Си најдое трева детелина,
Си најдое чешма исушена,
Си најдое дрео исушено.
Тога велит нивна мила сестра:
„Ајви вие два браќа pогени!
Ако су ви дете загубила,
Никога да чешма не протечит,
Суо дрео пак суо да бидит,
Детелина да ми се не родит.
Ако сум си на божја пра'ина,
Сега чешма да би ми протекла,
Суо дрео да би израстило,
Детелина манастир да бидит.”
Уште речта не ми ја дорече,
Cyo дрео начас израстило,
Начас чешма вода ми протече,
Детелина манастир се стори.
Тога велит, нивна мила сестра:
„А егиди мои мила браќа!
Се што болно ке ми се поболит,
Се да дојдит овде да оздраит;
А вашите две млади неести
Да би ми се болни поболиле,
Да ми лежет за девет години,
Да искинет по девет постели,
Нигде иљач, браќа, да не најдет,
Тук да дојдет на моја липсана,
Да би им се црква затворила,
За ним вода да би пресекнала,
Назод со ним да си се вратите,
И поболни да и однесите,
Во друмои да и остаите;
И ним очи чавки да копает,
Волци месо да им го јадеет,
Нигде коски да им се не нает;
Лудо дете со мене да бидит!
Сега браќа да ме загубите,
Крфта моја алал да ви бидит
На љубофтга, што мене љубифте!”
Нивни браќа си ја загубиа.
К'де крфта је се истурила,
Тука ми се црква отворила,
К'де глаа нејѕе је паднала,
Алтар ми се тука суградило;
К'де с'лѕи таја обронила,
Тамо вода ми се отворила,
С' отворила вода лекоита.
М'шко дете при неа се најде,
М'шко дете ангел ми се стори;
К'та дена литургиа служит.
Што да ми се болно поболеше,
Да појдеше здравје ке најдеше.
Кога браќа назод се вратие,
Си најдое две неести болни;
Ми лежале за девет години,
Искинале по девет постели,
От нигдека здравје не ми нашле.
Си дочуле црква Врачарница,
На онаа гора зелена,
Што да појде се здравје наожат.
Тога велет две млади неести
„Ајви вие два браќа рогени!
Што сме чуле во гора зелена,
Што имало црква Врачарница,
Што имало вода лекоита,
A во црква едно лудо дете,
К'та дена литургиа служит;
Што да појдит тамо се оздраат,
Аљ је кабил да не однесите!”
Си станае два браќа рогени,
Си зедое две млади неести,
Однесое во гора зелена,
Си најдое црква Врачарница,
Си најдое вода лекоита.
Колку малo дете го дочуе,
Го дочуе дете к'де пеит.
Колку ми се мало приблизале,
Начас царква им се затворила,
А водата им се пресекнала,
Лудо дете им се зам'лчило.
И тога на браќа им текна,
Оти им је нивна мила сестра.
Поминае по стрмни друмои,
На друмои си и остаие:
ÂАјви вие две млади неести!
Как сторифте, вие да најдите,
Како ние сестра загубифме,
Како што ве сестра помолитва,
Така и клетва вам да се фатит!”
Чафки очи тога им копае,
В'лци месо тога им јадое,
Уште душа тие не давае!
А два брата коњи си јавнае,
Назад си се во гора вратие,
На сестра си ми се поклоние:
„Наша сестра ти да не проштааш!”
Мила сестра браќа си простила,
И им црква сестра отворила;
И вода се тога отворила,
И дете се в црков распеало.
И нејѕини два браќа рогени,
Се сторие црни калугери,
От црквата не се отделие.
И денеска црква нишан стоит,-
Што слушало све весело било.