Зборник на Миладиновци/ Станковиќ Дуко се исповедвит
Марково исповедвање | Станковиќ Дуко се исповедвит од Браќа Миладиновци |
Два брата и сестра |
на современ македонски правопис |
Болен лежит Станковике Дуко,
Болен лежит за девет години,
Искинал ми до девет постели,
По постели до девет перници.
Се разигра она слано море,
Ситен ветар от четири ст'рни.
Бран се дига више до небеси,
От дно морско с' виде до пеколи,
Се разигра она слано море,
Ке потопит лишан Света Гора,
Манастира лепи Хилиндара.
Изговоре Сава игумене
На оние триста калугери:
„Ељ чуете триста калугери!
Ке ви речам една нуждна реча,
Соблечите свила и кадифе,
Облечите руво калугерско,
На главите капи камилафки
Под мишките стакли позлакени,
На гушите златни петрахили,
Облечите златните одежди,
Облечите на ваши грбиње,
На р'цете златни нар'квици,
Та земите книги вангелии,
Да с' крстиме, да богу се молиме,
Бељки нешто господ ке поможе.”
Па се мољат богу со се душа,
А поике море се разигра.
Изговоре Сава Игумене
На оние триста калугери:
„Ељ чуете триста калугери!
Ај д' оиме во темна килиа,
Болен лежит Станковике Дуко
Јуш него ја да го исповедам,
Ја ке умри, ја от бога ке с' прости.”
Напред одат триста калугери,
И по ними Сава игумена,
Па ми оде у темна килиа.
Изговоре Сава игумена
На онего Станковиќа Дука:
„Сине мои Станковиќе Дуко!
Кажи, сине, што си погрешило?
Болен лежиш за девет години,
Си искинал до девет постели,
По постели до девет перници,
Из коските трева изникнало,
Из тревата љути змии лазат,
С очи гледаш, со р'це не фаќаш!”
Изговоре Станковике Дуко
На онего Сава игумена:
„Ако можи за правда да биде
Све ќа кажа мои греховите.”
„Кажи, сине, што греои имаш?”
Изговори Станковике Дуко
На онега Сава игумена:
„Ели можиш за правда да бидиш,
Ке си кажам мои греховите:
Ништо не сум богу погрешило
Заљубиф три млади свети Јоана,
Си изгореф три трла јаганца.” –
„Друго што си богу погрешило?” -
„Оган дадоф на три амбара жито.” –
„Друго што си богу погрешило?” –
„Па си обраф девет манастира.” -
„За манастир господ ке те просте.
И от другите г'би грехои
Г'би грехои се проштаваш;
А за трите свети Јованите
А за трите бог не те проштават.
Ке те праша праву да ми кажиш,
Друго уште што си погрешило?”
Проговоре Станковике Дуко
На онего стара игумена:
„Ме насили еден силен ѓаол
Па си станаф во света недеља,
Па си зедоф коњи и соколи,
По соколи хрти и з'г'ри,
Ке си одеф по гора по лова;
И стрети ме моја стара мајка,
В р'це носе две бели проскуре,
Си служеше светега Георѓа,
'И носеше в црква за наора.
Ме насили еден силен ѓаол,
И си слегвам от коња на земја,
И си отмаф две бели проскури
От мојата мила стара мајка,
'И раскаршиф на хрти, з'г'ри.
Хрти јадат, з'г'ри не јадат.
Тога мене мајка ме прок'лна:
„Сине мои Станковике Дуко!
Болен да лежиш за девет годин'
Да искиниш до девет постели,
По постели до девет перници.”
Па ја фатиф моја стара мајка,
Па ја кренаф по више от мене,
И ја удриф от та црна земја.
Тоа сум си богу погрешило.”
Проговоре Сава игумена
На оние триста калугери:
„Да земите еден, лесен камен,
Лесен камен што да ми тежит
Да ми тежит дур до триста ока,
Да врзите Станковик на грло,
Варлете го Станка во морето,
Дан' ке го Станка море приими.”
Па што беа триста калугери!
Врзаа му тои лесен камен,
Што да тежит дур' до триста oка.
Го варлие Станка во морето.
A морето Станка не го прибра,
A морето биле си пабегна
Се потргна до четириесет
Четириесет и чeтири чекори.
Кога oдат Рисјани на закон,
Кога ми oдат на ден Петровден,
До денеска с каменот је скамен.
И от тогај поатдамна било,
Кој ке грешит негоје миле роде,
Кој ке греше на милата сестра,
Кој ке грешит негое мило роде,
Никој п'т грех немат проштаање.-
Што да слушат све весело било,
И от бога повелико здравје.