Зборник на Миладиновци/ Краљ Шишман, краљ Латин и овчар Табарина

Од Wikisource
Два брата и сестра Краљ Шишман, краљ Латин и овчар Табарина

од Браќа Миладиновци
Цар И. Шишман
на современ македонски правопис


Посвршил се краља Шишманина,
Се посврши от краља Латинина.
Бог го уби краља Латинина,
Кога ми је не'ста посвршило,
Голем каул тои ми врзало:
„Ако земаш твоите мнукои
Твој мнукои, војној синои,
Ке се вратиш назод без нееста;
Оти ми се на кавга кавгаџии,
А на вино ми се пијаници,
А на сабја ми се кесеџии.”
Тога велит краља Шишманина:
„Не и земам, туку да ми даиш
Да ми даиш убаа нееста.”
Је посврши убаа нееста.
Дојде коа, дојде лепо време.
Да ми канит китени сватои,
Дојде коа,дојде лепо време,
Поканило от крај до крај земја;
А негоите мнукои не канил.
Тие ми се мошне наљутиле,
И ворет на своја стара мајка:
„Ајти мајко, стара мајчице!
Зашто вујко на свадба не канит?
Голем пештеш ја ке му однесеф
Ке му носеф триста кила чејнца,
Другиот триста тоари грозје,
Најмалиот триста руди овци!” -
„Ајви синкој, ај мили синои!
Ако вие ми имате атар,
Да оите на зорум по сватој
Ак' на свадба вујко не ве кани.
Бог го уби краља Латинина!
Кога сврши убаа нееста,
Каул стори вас да ве не земат,
За да пострамотит ваши вујко.” –
„Ајти мајко, ајти мила мајка!
Кога знаиш оти сме најјунак,
Него пушти на зорум по сватој!”
Тог' им велит нивна стара мајка:
„Ајви вие мој мили синои!
На вас атар да не ви останит,
Оти Мирче најмал је појунак.
Кога ојдоф во зелена гора,
Кога ојдоф ручег да му носам,
Си го најдоф под евла заспано;
Кога Мирче душа поземаше,
Врвоите ми и убораше;
Кога Мирче душа подааше,
Врвоите ми и исправаше;
По тва знаам, оти Мирче је појунак.”-
„Ајти мајко, ајти стара мајка!
Како Мирче да го донесиме?” –
„Ајви синој, мои мили синој!
Напишите една бела книга,
Пуштите ја с пиле соколоо; -
Како знаиш в дворје да се наиш,
Оти мајка ни је з' умирање,
Аљ ке ја наиш жива, али не.”
Написае таа бела книга:
„Кака знаиш, Мирче, наши брате,
Кака знаиш брго да си доиш,
Оти ни је мајка мошне болна,
Аљ ке ја наиш жива, али не.”
Написале книга и пуштиле,
Ја пуштиле с пиле соколоо.
Ми однесе пиле соколооу,
Ја однесе во гора зелена,
Ја даде на Мирче помалечек.
Кога книга Мирче ја пеало,
Мирче ми се c'лѕи заронило;
Како ми ја книга отпеало,
Така Мирче стадо ми турило
Си турило девет стада овци,
И пред пиле се нашло во дворје.
И ми најде негва стара мајка,
К'де седит на диван високи. –
„Бог те убил моја стара мајка!
Што ми пушти грдине абери,
Што ми пушти во гора зелена,
Да си турам стадо неброено!”
„Ајти синко, Мирче помалечек!
Жити бога, Мирче, единего,
Жит' босици, што сум те доала,
Ке те пуштам у вујка на свадба,
Да ми оиш на зорум по сватој,
Без да знаит твои мили вујко!”
Тога стана Мирче помалечек,
На мајка си атар не расипал;
И си јавна своја брза коња,
И си кладе гуна табарина,
Отиде у краља Шишманина,
Ни кането, Мирче, ни честено;
И си најде китени сватои,
К'де јадат и к'де ми пијет;
А Мирчета баре не пречеквет.
Мирче седна на крај во децата.
Јадет, пијет, кинисвет по не'ста.
Мирче одит на зорум по сватој
Мирче неговото мило мнуче;
Краљ Шишманин одит ужалено,
Ужалено, мошне умилено,
3ашт' не беа негој три мнучина,
3ашто многу без неста се вратие.
Отидое во кралски дворои,
Отидое у краља Латинина,
Јадет, пијет, три дни и три ноќе;
Тога велит краља Латинина:
„Не је унер да јадите, да пиете,
Тук' је унер, унер да сторите –
Кој је јунак от јунака роден,
Низ злат прстен да поминит стрела;
Така даам убава невеста.”
Сите сватој ми се зачудие,
Сите сватој в земи попаднале;
Краљ Шишманин р'цете си кршит,
Ронит с'лѕи по бели образи.
Тога велит овчар табарина:
„Ајти тебе краља Шишманина!
Што се т'лчиш по бели колена?” -
„Ајти тебе овчар табарина!
Как да не плача, да не се т'лча,
Што ми сакат голема унера,
Така јаска нееста да земам;
Баре не си каниф мој мнукои
Тога ја не ке се пострамотеф.”
Тога велит овчар табарина:
„Немај гајле, јас ке ти го свршам.”
3латен прстен кладое на нишан,
Како фарли, низ прстен помина.
Как' погоди, така се зарадви
Се зарадви краља Шишманина.
Пак, им велит краља Латинина:
„Кој ке можит три злати јаболка,
Да познајт кое от која година је!”
Тога сватој ми се зачудили,
Свите сватој в земи попаднале.
Тога велит млада овчарина:
„Денесите три злати јаболка,
Донесите маштрапа со вода!”
Донесоа три злати јаболка,
Донесоа маштрапа со вода.
Ми ги фарли јаболка во вода,
Прв' јаболко остана над вода;
„Ова, велит, оломнанско беше;”
А второто во стреде маштрапа;
„Ова, велит, је ланско јаболко.”
А треќото на г'зер паднало,
„Ова велит, ми је годинешно.”
Пак им велит краља Латинина:
„Три еднакви к' облечам девојки,
Да познаиш која је невеста.”
И истаил три лепи девојки,
Еднолики трите токлоглаи.
Пак се чудит краља Шишманина.
Тога појде овчар табарина,
Појде овчар при лепи девојки,
И им фарља ж'лтине дукади;
Која је нееста дукад' да не земам,
Која не је да земам дукади,
Оти сега глаи ми играет.”
Тои фарљат неста простум стоит,
А девојки си берат дукади. –
„На ти, краље Шишманине, неста,
И бегај си сега со сватои.”
Друга мома си фатил за рака
И си ја фарли под табарина,
Пак по сватој на зорум си одил;
Отидое в дворој Шишманови;
Ми го чествет овчарина многу;
„Не сум овчар, тук' сум твој мила мнук,
Ајде сега на мојата свадба
Зашт' си грабнаф за мене нееста”
Кога пошле во дворје Мирчеи,
Го видела Мирчеата мајка,
Го видела в р'це се пљуснала:
„Бог те убил Мирче помалечек!
Зашто вујка ти си пострамоти,
И преграби негова невеста!” -
„Ајти мајко, ајти стара мајко!
И за него, мајко, и за мене,
И за мене јунака си зедоф.”
Јале, пиле три месеци дана,
От како ми је нееста зеле.