Зборник на Миладиновци/ Свети Петар и мајка му

Од Wikisource
Велигденска Свети Петар и мајка му

од Браќа Миладиновци
Еднаква
на современ македонски правопис


Кинисал ми свети Петар,
Да ми оит во рај-боже
Во рај-боже на причесна,
И по него грешна мајка,
Му се молит да је зеит. –
„Чекај, чекај сине Петре,
Синче Петре и јас к' идам
Во рај-боже на причесна.” -
И је рече свети Петар:
„Бегај, бегај грешна мајко,
Оти си ми многу грешна;
Ти не можиш да ми идеш
Во рај-боже на причесна;
Рајски порти затворени,
Пеколските отворени.
Koгa беше, мајка млада,
Ти ми беше карчмарица;
Ти идее сиромаси,
Да ти пијет на меана,
Ти велее „Жити душа,
Жити душа карчмарице!
Ал' ни дааш токму ока,
Токму ока чисто вино?”
Ти велеше „жими бога,
Жими бога, бог ми душа,
Јас си даам токму ока.”
Не дааше токму ока,
Не дааше чисто вино
Тук со вода го мешаше.
И дааше со две оки;
Ко т' идее јабанџии
Сиромаси карванџии,
Што си ока незнаее,
Им дааше триста драма,
И виното пак со вода.
Кот' идее баздриѓани,
Им дааше тамам ока,
Тамам ока чисто вино.
За тоа си мајко грешна;
Ти одеше чесна кума,
Да крштааш луди деца,
На деца им ништо не дааше,
Та ни риза, ни кошуља,
Како куми што давает,
Луди деца и променвет.
И тоа си многу грешна;
И пак друго, мајко, имаш,
Ти имаше многу стока,
На сиромаф не дааше,
Сиромаф го не вервеше.
Ељум еден сиромашец
Мошне многу ти додева,
Што му даде полоина,
Полоина конопно појасмо,
И начас се пишман стори:-
„Што би ова ја што сторив,
С'та стока ја издадоф
По питачи, сиромаси!”
И друго си мajko грешна;
Брашно назаем земаше,
Кога назот го врашташе,
Полу брашно, полу пепел,
Така назот го врашташе.
Кога сољца ми земаше,
Полу песок ја мешаше.
И друго си мајко грешна;
Кога пипер да земаше,
Чисто пипер не врашташе,
Герамиди к' искршеше,
Пипер ке го измешаше.
Пак за тебе, мајко, немат
Да ми оиш во рај-боже.”
Мила мајка му се молит:
„Сине Петре проштаај ме
Проштаај ме, измоли ме!”-
Свети Петар се помоли;
Колку појде крај портите
Крај портите на причесна
Рајски порти с' затворие,
Пеколските с' отвориле.
Петреата грешна мајка
Си отиде в пеколските.
Пак се молит свети Петар,
Да откупит грешна мајка.
Ми се згоди појасмото,
Појасмото от конопта;
Је го пушти на мила мајка,
Мила мајка во пеколот,
Да је мајка куртулисат.
Појасмото не фтасало,
Си пресече русо перче,
Појасмото го придало,
Тук да мајка куртулисат.
И го пушти на мајка си.
Колку мајка се фатила,
Да излезит от пеколот,
Се фатие многу души
За Петреа мила мајка,
От пеколот да излегвет.
Таја пак си не дотрпи:
„Вратете се грешни души!
Мене син ми ме изваат;
Ја со мене не ве сака.”
Уште речта не дорече,
Ми се скина појасмото;
На дно в пекол пропаднала;
Сите души излегое.
Тога рече свети Петар:
„А егиди мила мајко!
Како стори да си најдиш;
Не сакаше рај да видиш,
Рај да видиш, рај да најдиш,
Во пеколот фодулштина.”