Зборник на Миладиновци/ Болен Дојчин

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јаничар и руса Драгана Болен Дојчин

од Браќа Миладиновци
Никола, Богдан и Ангелина
на современ македонски правопис


Попаднала црна Арапина,
Попаднала Солунски ливаѓе,
Ми удрила белана чадара;
Таин сакат од Солуна града,
Леб им сакат по две фурни леба,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракиа,
И им сакат по две бочки вино;
На ден сакат п' убаа нееста,
На ноќ љубит п' една малка мома,
Ми и љубит и ми и загубвит.
Сите ми се редум изредие,
Ред падна на млада Ангелина.
Дворје метит Ангелина млада,
Дворје метит градум с'лѕи ронит
Со с'лѕи ми дворје завадила.
Ја догледа болена Дојчина:
„Ајти тебе сестро Ангелина!
Што те тебе нужба дотерало,
Дворје метиш градум с'лѕи рониш?
Али ти се, сестро, здодеало,
Рамни дворје, сестро, метеешти?
Мене болно, сестро, гледаешти? –
Рани, болки, сестро, врзеешти,
И понади мене готвеешти?”
„Ајти тебе брате, Болен Дојчин!
Та не ми се мене здодеало,
Рамни дворје, брате, метеешти,
Тебе болно, брате, гледаешти,
Рани, бољки тебе врзеешти,
И понади тебе готвеешти;
Туку ми се, брате, здодеало,
Попаднала црна Арапина,
Попаднала под града Солуна,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
Ми удрила белана чадара;
И ми собра старци и попои,
На ден сакат по две фурни лебец,
И им сакат крава јалоица,
И им сакат по бочка ракиа,
И им сакат по две бочки вино,
На ден сакат п' убаа нееста,
На ноќ сакат п' една малка мома,
Ми и љубит и ми и загубвит.
Сите ми се редум изредиа,
Ред ми падна, мене ке ме земет.”
И говорит Болена Дојчина:
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Аљ тоа те тебе брига нашло?
Ево имам за девет години,
К'де лежам болно на постеља;
Ај отвори шарена ковчега,
Да изваиш триста лакти платно
Триста лакти платно бамбакерно,
Да изврзиш рани од анџари;
И земај ми моја остра сабја;
Ево имам за девет години,
Сабја в р'ка не ми је фатена,
Веке ми је сабја 'рѓосана,
Да ја носиш Умера бичакчиа,
Да ми острит сабја вересиа,
Ако станам ск'по ке му платам,
Ак' не станам, алал да ми чинит.”
И ми стана млада Ангелина,
И ми зеде сабја 'рѓосана,
Ми отиде дури у Умера:
„Ајти тебе Умер бичакчиа,
Так' ти бога ја ке ти се мољам!
Ме допуштил Болена Дојчина,
Да му остриш сабја вересиа,
Ако станит ск'по ке ти платит,
Ак' не станит, алал да му чиниш.”
Тог' говорит Умер бичакчиа:
„Ајти тебе млада Ангелино!
Ак' ми даваш твојте црни очи,
Да ти острам сабја Дојчиноа.”
Се поврати млада Ангелина,
Назад плачеешти, пиштеешти;
Од далеку Ангелина викат:
„Ајти тебе Болена Дојчина!
Не ми острит Умер бичачкиа
Не ми острит сабја вересиа,
Тој ми сакат мојве црни очи.”
Је говорит Болена Дојчина:
„Остај сабја, сестро Ангелино,
Остај сабја на бела постеља,
И влези ми темни конушници,
Да изваиш моја брза коња;
Носи ја у Митре Поморјанче
Налбатина, верна побратима,
Да ми коит коња вересиа;
Ако станам, ск'по ке му платам,
Ка ми платам ж'лтици дукади.”
И ми стана млада Ангелина,
И ми влезе темни конушници,
Ми изваи негва брза коња,
Ја однес' у Митре Поморјанче,
Да ми коит koњa вepecиa:
„Так' ти бога Митре Поморјанче!
Ако станит Болена Дојчина,
Ка ти платит коња за коење.”
И је велит Митре Поморјанче:
„Ајти тебе млада Ангелино!
Ако дааш твое бело лице,
Твое лице, како јасно с'нце,
Твојте вежи, как морски пијајци,
Твојте очи, како црно грозје!”
И ми викна млада Ангелина,
Кршит р'це от бели колена,
С'лѕи ронит по бели образи,
Од образи шарени пазуи,
Од пазуи шарени скутеи,
Од скутеи по земја сурова.
Си поводи коња Дојчиноа,
Јbуто к'лнит млада Ангелино: -
ÂБог те убил Митре Поморјанче!
Зашт, не тргна сабја да м' загубиш,
Туку мене ти ме пострамоти!”
И си тргна дома си отиде,
И му кажвит брату си Дојчину:
„Ајти тебе Болена Дојчина!
Што ми стори голема страмота
Со твојата верна побратима,
Што јадефте, брате, што пиефте,
Што одефте в гори на лоење;
Кога рекоф за твојата коња,
Да ја коит, брате, вересиа,
Што ми рече Митре Поморјанче, -
Ако даиш твое бело лице,
Ка ти којам коња вересиа.”
И се фрли болена Дојчина
И се фрли на нога јуначка:
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Страф да немаш, сестро, страм да немаш!
Ај да земиш студено оружје,
Да го даиш Плетикосе Павле,
Да ми миет студено оружје.”
И ми стана млада Ангелина,
И ми зеде студено оружје:
„Ајти тебе Плетикоса Павле:
Ме допушти Болена Дојчина,
Да ми миеш студено оружје.”-
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Чуму ти је студено оружје,
Л.ељ је болен Болена Дојчина!” –
„Попаднала црна Арапина,
Под Солуна, Солунски ливаѓе,
И ми удрил белана чадара,
И ми викат старци и попои,
Таин ми сакат по две фурни леб,
И ми сакат крава јалоица,
И ми сакат по бочка ракиа,
И ми сакат по две бочки вино,
На ден сакат по млада нееста,
На ноќ сакат п' една малка мома,
Ми и љубит, и ми и загубвит,
Ред ми падна, мене ќa ме земат.”
Тога велит Плетикоса Павле:
„Ајти тебе млада Ангeлино!
Аљ ми даваш твоја тонка става;
Става имаш како морска трска;
Да ти миам студено оружје,
Та си зеде студено оружје,
Си отиде во рамни дворои:
„Ајти брате, Болена Дојчина!
Не си имал верни побратими,
Туку биле Турци неверници!
Ми посака моја тонка става.” –
„Ајти тебе сестро Ангелино!
Убило и мојте побратими
Убило и јадење, пиење!
Отпушти го платно бамбакерно,
Да изврзиш рани от анџари.”
Го изврза млада Ангелина,
Му изврза рани от анџари,
И му даде студено оружје.
Тој опаса свилена појаса,
Ми нареди студено оружје,
Ми ја зеде сабја 'рѓосана,
И ми јавна коња некоена;
Прау одит под града Солуна,
Прау одит на бела чадара;
И ми слезе от брзего коња,
Ми изваде сабја дипленица,
Ми загуби црна Арапина,
И со него ж'лта Евреина.
И си јавна своја брза коња,
Глаа кладе на коња пред себе,
И ми врвит по стреде Солуна.
Што го виде се ми се зачуди -
„Што ке бидит ова чудно чудо!
Овој јунак, како суво древо,
Лице имат, как восок прецеден,
Што ми стори голема унера!
Јунак било, јунак ке да бидит!
Не му требат цркви манастири,
Да и праит, добро да им чинит!”
Ми помина по стреде чаршии
И појде при Умер бичакчиа:
„Ајти тебе Умер бичакчиа!
Ти не остриш сабја вересиа,
Што је сакаш на мојата сестра,
Што је сакаш нејѕините очи?”
И ми тргна сабја дипленица,
Му ја зеде негоата глава.
И појде при Митре Поморјанче:
„Ајти тебе Митре Поморјанче,
Поморјанче, верна побратима,
Ште те имаф кај мој црни очи,
Што је ова голема страмота,
Што ми стори на мојата сестра!”
И му зеде негоата глава.
И појде при Плетикоса Павле,
Му ја зеде и негоа глава.
Дома одит, от далеку викат:
„Отвори ми сестро Ангелино,
Отвори ми наши вити порти,
Постели ми шарена одаа,
И барај ми свешти и ламбади,
Донеси ми попој законици,
Што сакаше, сестро, се ти свршиф,
Ќа се делит душа од сн'гава.
Да не жаљаш, сестро, да не плачиш,
Тук' да земаш свирци, дабоани,
Та да сториш голема донамба.”
И ми стана сестра Ангелина,
Ми отвори нивни вити порти
Уплашена, мошне устрашена;
Кога виде глаа от Арапа,
Го прегрна млада Ангелина,
Го однесе в шарена одаа.
Колку легна на мека постеља,
Тргна душа Болена Дојчина;
Дури сестра му запали свешта,
Даде душа Болена Дојчина.
Се собрае старци и попои,
Ми кладое свирци дабоани,
Што ми бие три дни и три ноќе.