Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Јана и Сонцето

Од Wikisource
Јана и Петре Јана и с'нцето

од Браќа Миладиновци
Тодора керка
на современ македонски правопис


Нов правопис Стар правопис

Постигнала се ’уба’а Јана,
Стигнала ми се на ден Велигден,
Крстила ми се на ден Ѓургевден,
Зазборвала ми на ден Спасовден,
Ми за’одила на ден Петровден.
Ми ја дочула Јанина кума;
Тога е рече Јанина кума:
„Дегиди мори ’уба’а Јано!
Јас ти се мољам, и ти нарачвам,
Да не излегвиш дење без убрус,
Дење без убрус, ноке без свешта,
Дан’ те догледат сонце’а мајка,
Дан’ те посвршит за јасно сонце.”
’Уба’а Јана кума не почу;
Тук ми излезе дење без убрус,
Дење без убрус, ноке без свешта.
Ми ја видела сонце’а мајка,
Ми ја посврши за јасно сонце,
Ми ја посврши, и ми ја зеде.
’Уба’а Јана не ми зборвеше,
Не ми зборвала за три години.
Тога му велит сонце’а мајка:
„Дегиди сонце, а јасно сонце!
’Уба’а Јана ни онемела;
Да оста’име ’уба’а Јана,
Да ја зе’име Ѕвездоденица,
Ѕвездоденица бргозборница.”
Јасно-но сонце мајка почуло.
Ми ја посврши Ѕвездоденица,
Си ја посврши, и си ја зеде,
’Уба’а Јана неми бегаше. [*]
 

  • По друга:

   Нема немачка, слепа слепачка;
   Нема немачка гуски ми пасит
   Гуски ми пасит, патки ми ранит...
   Ѕвездоденице, бргозборнице,
   Багозборнице, остроножице!
   Кога ми дојде, кога пресече?
   Јас не сум нема, нито сум слепа....
   Тога си зборвит на свој-от стопан:
   „Тà не беф нема, та не беф слепа!”
Ми ја кладо’е Ѕвездоденица
Ми ја кладо’е леп да си месит,
’Уба’а Јана свешта е светит.
Е догорила бела борина,
Е изгоре’а тонки-те прсти,
Е с’ истопиј’е злати прстени.
Тога е рече Ѕвездоденица,
„Дегиди мори слепа слепачка,
Ако си нема, ти не си слепа,
Изгоре’а ти тонки-те прсти.”
Се отго’ори ’уба’а Јана:
„Дегиди мори Ѕвездоденице!
Јас ни сум нема, јас ни сум слепа;
Туку не зборвам, атар си држам;
Прва година чес сум чинила,
Чес сум чинила на мој-от татко;
Втора година на мила мајка;
Треќа година на јасно сонце.
Бог ми ја убил моја свекрва,
Зашт’ не почека чес да досторам,
Тук те донесе тебе овдека.”
Ми ја дочула сонце’а мајка,
Каде ми зборвит ’уба’а Јана.
Ми се наљути сонце’а мајка,
Ми ја истера Ѕвездоденица,
Ѕвездоденица, бргозборница.

Постигнала сѣ ’уба’а Яна,
Стигнала ми сѣ на денъ Велигденъ,
Кѫрстила ми сѣ на денъ Гюргевденъ,
Зазборвала ми на денъ Спасовденъ,
Ми за’одила на денъ Петровденъ.
Ми ѭ дочула Янина кума;
Тога ѣ рече Янина кума:
„Дегиди мори ’уба’а Яно!
Ясъ ти сѣ молямъ, и ти нарѫчвамъ,
Да не излегвишъ денѥ безъ убрусъ,
Денѥ безъ убрусъ, ноке безъ свѣща,
Дан’ те догледатъ сѫнце’а майка,
Дан’ те посвѫршитъ за ѣсно сѫнце.”
’Уба’а Яна кума не почу;
Тукъ ми излезе денѥ безъ убрусъ,
Денѥ безъ убрусъ, ноке безъ свѣща.
Ми ѭ видела сѫнце’а майка,
Ми ѭ посвѫрши за ѣсно сѫнце,
Ми ѭ посвѫрши, и ми ѭ зеде.
’Уба’а Яна не ми зборвеше,
Не ми зборвала за три години.
Тога му велитъ сѫнце’а майка:
„Дегиди сѫнце, а ѣсно сѫнце!
’Уба’а Яна ни онѣмела;
Да оста’име ’уба’а Яна,
Да ѣ̀ зе’име Дзвездоденица,
Дзвездоденица бѫргозборница.”
Ѣсно-но сѫнце майка почуло.
Ми ѭ посвѫрши Дзвездоденица,
Си ѭ посвѫрши, и си ѭ зеде,
’Уба’а Яна неми бегаше. [*]

  • По друга:

   Нѣма нѣмачка, слепа слепачка;
   Нѣма нѣмачка гуски ми паситъ
   Гуски ми паситъ, патки ми ранитъ...
   Дзвездоденице, бѫргозборнице,
   Бѫгозборнице, остроножице!
   Кога ми дойде, кога пресече?
   Ясъ не сумъ нѣма, нито сум слѣпа....
   Тога си зборвитъ на свой-отъ стопанъ:
   „Тà не бѣфъ нѣма, та не бѣфъ слепа!”
Ми ѭ кладо’е Дзвездоденица
Ми ѭ кладо’е лѣпъ да си меситъ,
’Уба’а Яна свѣща ѣ свѣтитъ.
Ѣ догорила бѣла борина,
Ѣ изгоре’а тонки-те пѫрсти,
Ѣ с’ истопі’е злати пѫрстени.
Тога ѣ рече Дзвездоденица,
„Дегиди мори слепа слепачка,
Ако си нѣма, ти не си слѣпа,
Изгоре’а ти тонки-те пѫрсти.”
Сѣ отго’ори ’уба’а Яна:
„Дегиди мори Дзвездоденице!
Ясъ ни сумъ нѣма, ясъ ни сумъ слепа;
Туку не зборвамъ, атаръ си дѫржамъ;
Пѫрва година чесъ сумъ чинила,
Чесъ сумъ чинила на мой-отъ татко;
Втора година на мила майка;
Трекя година на ѣсно сѫнце.
Богъ ми ѭ убилъ моя свекѫрва,
Защ’ не почека чесъ да досторамъ,
Тукъ те донесе тебе овдека.”
Ми ѭ дочула сѫнце’а майка,
Кѫде ми зборвитъ ’уба’а Яна.
Ми сѣ налюти сѫнце’а майка,
Ми ѭ истера Дзвездоденица,
Дзвездоденица, бѫргозборница.

Белешки