Четврта книга Мојсеева/ 30 глава
29 глава | Четврта книга Мојсеева 30 глава од Мојсеј |
31 глава |
1 Потоа Мојсеј им рече на началниците на Израелевите колена: „Господ го заповеда ова:
2 Ако некој човек направи завет или ако се обврзе со заклетва дека ќе се одрече од нешто; нека не ги нарушува своите зборови; нека исполни сè што излегло од неговата уста!
3 Ако некоја жена Му направи завет на Господа и ако се обврзе дека ќе се откаже од нешто уште додека е млада, во татковиот дом,
4 а татко и научи за заветот и за ветувањата со кои се обврзала па не и рече ништо, тогаш се полноважни сите нејзини завети и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала.
5 Но ако татко и, кога ќе чуе, и забрани - никаков нејзин завет, ни нејзиното ветување со кое се обврзала, нема важност. Господ ќе и прости, зашто татко и и забранил.
6 Ако се омажи додека е под своите завети или под ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста,
7 па ако нејзинот маж научи и откако научи ако не и рече ништо, тогаш се полноважни нејзините завети и полноважни се ветувањата со кои се обврзала.
8 Но ако нејзиниот маж и забрани, кога ќе чуе за тоа, со тоа се укинуваат нејзиниот завет и ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста. И Господ ќе и прости.
9 А завет на вдовица, или на разведена жена, и сите обврски што ги презела врз себе, важат за неа.
10 Ако се заветува или обврзе на ветување со заклетва додека е во куќата на својот маж,
11 па ако нејзиниот маж чуе и ништо не и рече, ако не и забрани, полноважен е секој нејзин завет и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала.
12 Но ако нејзиниот маж ги прогласи за неважечки, кога ќе научи за нив, тогаш ништо што излезе од нејзината уста, нејзините завети или преземените обврски, немаат важност. Нејзиниот маж ги поништи, и Господ ќе и прости.
13 Секој завет и секое заклетвено заречување, за смирување на душата, нејзиниот маж може да ги потврди или да ги поништи.
14 Ако мажот не и рече ништо, од ден во ден, со тоа ги потврдува сите нејзини завети и сите нејзини ветувања со кои се обврзала; тој ги направил полноважни, зашто не рекол ништо кога чул за нив.
15 Но ако ги поништи после, откако веќе чул за нив, тогаш тој ќе го носи нејзиниот грев.”
16 Тоа се повелбите што Господ му ги заповеда на Мојсеја за односите меѓу мажот и неговата жена и меѓу таткото и неговата ќерка, која - уште млада - живее во татковиот дом.
Поврзано
[уреди]Надворешни врски
[уреди]
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse