Прејди на содржината

Четврта книга Мојсеева/ 29 глава

Од Wikisource

28 глава Четврта книга Мојсеева
29 глава
од Мојсеј
30 глава


  1 ‘Во седмиот месец, во првиот ден на месецот, имајте свое собрание. Не работите никаква работа! Тоа нека ви биде Ден на трубниот звук.
  2 Принесете паленица за пријатен мирис на Господа: еден јунец, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.
  3 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини ефа на овен
  4 и една десетина ефа на секое од седумте јагниња.
  5 И еден јарец во жртва за грев, за ваше очистување.
  6 Тоа нека биде - покрај паленицата на млада месечина и нејзиниот лебен принос; покрај секојдневната паленица и нејзиниот лебен принос, и покрај нивните налевници, според прописот - палена жртва за пријатен мирис на Господа.’
  7 ‘А на десеттиот ден на седмиот месец имајте свето собрание; смирете ги вашите души и не работите никаква работа.
  8 Принесете Му на Господа паленица за пријатен мирис: еден јунец, еден овен и седум едногодишни јагниња. Нека ви бидат без недостаток.
  9 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини на овен
10 и една десетина ефа на секое од оние седум јагниња.
11 И еден јарец во жртва за грев. Тоа е покрај: приносот за грев на Денот на очистувањето, покрај постојаната паленица и нејзиниот лебен принос и нивните налевници.’
12 ‘Во петнаесеттиот ден на седмиот месец имајте свето собрание. Не работите никаква работа. Седум денови прославувајте го празникот на Господа.
13 А за паленица, изгорена за пријатен мирис на Господа, принесете: тринаесет јунци, два овна и четиринаесет јагниња годиначиња. Нека бидат без недостаток.
14 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на секој од тринаесетте јунци, две десетини ефа на секој од двата овна
15 и една десетина ефа на секое од четиринаесетте јагниња. И еден јарец во принос за грев.
16 Тоа нека биде освен секојдневната паленица, нејзините лебни приноси и нејзините налевници.
17 Во вториот ден: дванаесет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња без недостаток.
18 Нивниот лебен принос и нивната налевница принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.
19 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзините налевници.
20 Во третиот ден: единаесет јунци, два овна и четиринаесет јагниња годиначиња без недостаток.
21 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.
22 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.
23 Во четвртиот ден: десет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња без недостаток.
24 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.
25 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.
26 Во петтиот ден: девет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња без недостаток.
27 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.
28 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.
29 Во шестиот ден: осум јунци, два овни, четиринаесет едногодишни јагниња без недостаток.
30 Нивниот лебен принос и нивната налевница принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.
31 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.
32 Во седмиот ден: седум јунци, два овна, четиринаесет јагниња годиначиња без недостаток.
33 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.
34 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.
35 Во осмиот ден имајте славно собрание. Не работите никаква работа.
36 А за паленица, изгорена за благоугоден мирис на Господа, принесете: еден јунец, еден овен и седум едногодишни јагниња без недостаток.
37 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.
38 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.
39 Принесувајте Му го тоа на Господа на вашите празници, освен вашите заветници и освен вашите доброволни жртви; освен вашите паленици, лебни приноси и налевници и освен вашите помирителни жртви.’”
40 Мојсеј им кажа на Израелевите синови сè што Господ му заповеда.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse