Прејди на содржината

Разговор за помош:Содржина

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Додај тема
Од Wikisource
Последен коментар: пред 12 години од MacedonianBoy на темата pdf vs. djvu file format

Назив на податотека

[уреди]

Ме интересира дали доколку називот на податотеката, пример „За македонските работи- Крсте Петков Мисирков.pdf‎‎“ се промени на commons во „За македонцките работи - Крсте Петков Мисирков.pdf‎‎“ секоја page страница на wikisource ќе се преименува автоматски или треба тука да се менуваат мануелно?--Brest (разговор) 11:46, 7 декември 2012 (CET)Одговори

Исто така ме интересира дали и овде како кај википедија има различни нивоа на тоа кој кажува дали транскрипцијата е во ред или како што забележав секој може да ја дава и највисоката оценка?--Brest (разговор) 11:46, 7 декември 2012 (CET)Одговори

Колку што јас разбрав, ако се промени името, и насловите на страниците ќе се променат, ама нема да го чита скенот. Мора, мислам, да одговараат. За оценувањето, секој корисник може да каже до каде е прогресот, а штом повеќе корисници ја проверат статијата се знае дека е проверена. Да видам дали може да се стави опција за „прифаќање“ или „одобрување“. --Никола Стоіаноски 11:52, 7 декември 2012 (CET)Одговори

Ова може да биде проблем, бидејќи ако има некоја голема книга со многу страници, а се воочи дека насловот не е баш најадекватен би требало некако да се автоматизира целиот тој процес на преименување за да може и скенот да се чита.--Brest (разговор) 03:23, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Кодни страни/фонтови

[уреди]

Исто така треба да реши како ќе се реши проблемот со пишување на повеќе писма. На англискиот викиизвор можеби е полесно, затоа што нема мешавина на букви како што има кај нас. Ние како викизаедница треба да имаме решение за ова. Пример во оригинал „За македонските работи“ е пишувано колку што разбирам со бугарско писмо, ама не сум сигурен дали денешнево бугарско писмо е исто со во тоа време кога пишувал Мисирков, и што ако не е исто? Понатаму што да правиме со старословенските писма? Најверојатно постојат ракописи од тоа време кои може да ги додадеме на викиизвор. Како ќе ја направиме транскрипцијата на овие материјали? --Brest (разговор) 12:30, 7 декември 2012 (CET)Одговори

Нема „бугарско писмо“, има кирилица. Мисирков пишувал на македонска азбука, тоа не е бугарска азбука. Бугарската верзија од тоа време е доста различна. Но, одгиоворот на прашањето, не е проблем тоа. Има еден шаблон на Википедија кој се вика Script. Со помош на него се пишува на глаголица, стара кирилица и сите писма кои се различни од современите кирилици и латиници. Лесно оди. Едно нешто што го има англискиот Викиизвор е тоа што има опција за различни фонтови, а ќе пробам да го ставам и тоа. Сега ќе го напрашам шаблонот за писмата. Но, мора да се напомене дека корисникот мора да има старокирилични/ хебрејски/ глаголски и други фонтови на компјутер. Не може подруго. --Никола Стоіаноски 12:48, 7 декември 2012 (CET)Одговори

ОК, после тоа ќе го додадеме на главната страница за помош ова што го кажуваш погоре. Важно е да имаме добро дефинирана терминологија и практичен одговор на што е можно повеќе прашања кои ќе се поставуваат. Друго прашање е ако нешто е напишано на друга верзија а ова е македонски викиизвор, што на некој начин подразбира користење на македонската азбука со 31 буква, како сето тоа ќе го искомбинираме? Зборот ми е покрај транскрипција, потребно ќе ни биде и преведување на современ македонски јазик. Од Мисирков нешто и се разбира ама старомакедонски/словенски текстови тешко се разбирливи за денешниов свет.--Brest (разговор) 13:07, 7 декември 2012 (CET)Одговори

Да, имам идеја и за тоа. Така на пример, ќе го земам пак Мисирков, можеме да направиме една верзија на оригинал, една на современ македонски. Но ќе речам нема потреба од тоа. Еве зошто. Index и page се за транскрипција на оригинали и така остануваат и не се сметаат за статии нити бројот на статии не се зголемува. Затоа, имаме и статии, каде се препишуваат на македонски сите книги. На пример, имаме транскрипција на книгата „За македонцките работи“ (Index), но имаме и ова: текстот на книгата на стар правопис и текстот на книгата на современ правопис. Така имаме две посебни верзии во вид на статии (кои се сметаат за статии и бројот на статии се зголемува) и индексна страница која и е целта да ја пртстави книгата рамо до рамо со транскрипција.--Никола Стоіаноски 13:21, 7 декември 2012 (CET)Одговори
Употребата на старокириличен фонт е вака: се користи шаблонот {{Script|Cyrs|ТЕКСТОТ}} и се добива на пример ова Викиизвор - слободна библиотека. Кај мене излага на старокириличен фонт бидејќи ми е инсталиран, а на страницата Шаблон:Script/Slavonic има дадено линкови од каде да се спушти таков фонт. За нормален кириличен фонт (кој нема потреба кај нас, тоа е за англиската, се користи {{Script|Slavonic|ТЕКСТОТ}} и дава нормален текст Викиизвор - слободна библиотека. Има уште две верзии на словенските фонтови, но не се важни тие. Првото е најважно.Позз--Никола Стоіаноски 13:27, 7 декември 2012 (CET)Одговори

Старословенски

[уреди]

Има ли некој материјал подигнат на старословенски, кој е започнат со транскрипција?--Brest (разговор) 12:40, 8 декември 2012 (CET)Одговори

На старословенски не, а преведено на македонски да. Види О писменех. Внесувањето старословенски не е комплицирано, треба да се знае на тастатура каде се старословенските букви (или може преку Edittools да се уредува). Сиот старословенски текст се става во рамките на овој шаблон {{Script|Cyrs|текстот}} за да излезат буквите во старословенска форма. --Никола Стоіаноски 17:20, 8 декември 2012 (CET)Одговори

Да го видов О писменех, само мислев дали има материјал подигнат во скенирана форма на старословенски и потоа на него направена транскрипција. На мк.википедија има скен на овој материјал, w:mk:Податотека:O pismenah.png, има ли пречка да се подигне на commons? Ако нема тогаш може овде да се направи инегова транскрипција со старословенски букви, со што ќе имаме комплет: скен, транскрипција и превод.--Brest (разговор) 03:19, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Може да се изведе тоа, но не знам дали е целосен текстот во скенот. Да побарам, некоја пдф на старословенски па да видиме.--Никола Стоіаноски 11:18, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Ако мора да биде вака тогаш овој код е прилично комплициран.


 СЛО́ВО
 ЗAРАДИ
Страшенъ сꙋдъ божїи,
 и
второ́е прише́стиїе
хрїсто́во.

Треба да се види дали ќе може некоја пребарувачка машина (пример google search) да го најде, т.е. што треба да се запише во полето за пребараување за да го најде? Јас се прашувам дали може ова да се поедностави? Пример да се напише на следниов начин:

СЛО́ВО

ЗAРАДИ

Страшенъ сꙋдъ божїи,

и

второ́е прише́стиїе

хрїсто́во.

Кодот &#769 и на него сличните ги комплицираат работите. Но ако мора така тогаш е ок.--Brest (разговор) 14:17, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Во принцип, кога се прави препис (транскрипција) на текстовите најчесто се користат оригиналните букви. Естетски и коректно е да се користи старата кирилица. Но тешко е за пишување со надредните знаци. Уникодот го знам на сите, но не можам да го пишам во статиите (може не знам како): Полесно е со работа со ХТМЛ кодот на знаците, ама за сите не ги знам. Ама тоа ќе го средам. Во индексните страници нека стои со старокирилични букви, а за статиите за истата книга ќе имаме два дела: еден дел ќе биде со старата кирилица, а другиот дел на современа (по можност на современ македонски).--Никола Стоіаноски 14:24, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Технички гледано зад секој буква стои некој код (уникод), само што со &#769 точно се специфицира кодот на симболот, исто како што ако напишеме A е кодот за латинично А. Тоа значи дека би требало да постои некој w:en:keyboard layout кој би овозможил директно внесување на кодовите. Дури и ако го нема (иако мислам дека ако бараме може да го најдеме и за старословенски) тогаш не би требало да е голема техничка потешкотија истиот да се направи.--Brest (разговор) 14:44, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Текстот се внесува брзо бидејќи читко се гледа од скенот. Ама надредните знаци и лигатури се тешки за внесување додека не ги научиме поубаво. До сега само со два знака имам проблем, надредните знаци се лесни, но тие за кратенки не можам да ги најдам во уников.--Никола Стоіаноски 15:12, 9 декември 2012 (CET)Одговори

pdf vs. djvu file format

[уреди]

Мислам дека djvu форматот на податотеките е подобар, а и некаде прочитав дека се препорачува тој да се користи за разлика од pdf. --Brest (разговор) 16:42, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Само при транскрипцијата незнам зошто, т.е. каде се нагодува ширината на левата страна и десната страна да биде 50/50 бидејќи вака како што е нагодено скенираното зазема повеќе место (пошироко) па некако грдо изгледа кога не е симетрично.--Brest (разговор) 16:42, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Кое е подобро, тоа да го користиме. Како го смени форматот, со кој програм? --Никола Стоіаноски 17:00, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Јас користам ubuntu, а таму имам инсталирано gscan2pdf кој овозможува правење на книга од повеќе поединечни слики (jpg, gif и сл) а после можеш да го експортираш во pdf или djvu. И обратно од некоја книга во pdf или djvu можеш да издвоиш страница или пак да отсечеш дел од страницата (пример слика во книгата) и понатаму да ја обработуваш како слика (за што јас користам gimp). Колку што можам да забележам djvu има подобра компресија од pdf, дополнителна предност му е што е open file format за разлика од pdf кој тоа не е. Според ова подобро би било да се користи djvu, ама ако не може поинаку тогаш може за некои книги да се користи и pdf.--Brest (разговор) 17:13, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Ако најдам нешто онлајн за конвертирање ќе конвертирам и друго податотеки, ако не ти ќе мора да го сториш тоа. --Никола Стоіаноски 17:25, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Број на страници

[уреди]

Уште едно прашање. Кога се формира индекс страница за некоја книга системот автоматски генерира број на страници за таа книга. Дали има некаде можност да се види број на индексирани книги (files), понатаму број на страници на индексираните материјали, како и детална статистика за тоа колку од индексираните страници се proofread, bad и сл. Истото тоа и за книгите, колкав процент од страниците на книгата е proofread, bad, ... --Brest (разговор) 17:20, 9 декември 2012 (CET)Одговори

Мислам дека за сите има тоа. Со означувањето на статусот на индексите и страниците се категориизираат статиите и се знае која каде е. Но мислам има и специјални страници за ова. Но, прво да средам ова со старословенски, па после уште тоа остана од технички аспект. Инаку и зеленото се појави кај 4 страница од прилепскиот текст. Значи се функционира.--Никола Стоіаноски 17:23, 9 декември 2012 (CET)Одговори