Прва книга летописи/ 2 глава

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

1 глава Прва книга летописи
2 глава
од н.п.
3 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Еве ги Израелевите синови: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар и Завулон,
  2 Дан, Јосиф и Венијамин, Нефталим, Гад и Асир.
  3 Јудини синови: Ир, Авнан и Сила. Тие три му ги роди Хананка, ќерката Сувина. Ама Ир, Јудиниот првенец, беше лош во Господовите очи, и Господ го погуби.
  4 Неговата невеста Тамара му ги роди Фарес и Зара. Вкупно беа пет Јудини синови.
  5 Фаресови синови беа: Есрон и Амул.
  6 Зариеви синови беа: Зимриј, Етан, Еман, Халкол и Дара, вкупно пет.
  7 Хармиеви синови беа Ахан, кој му нанесе зло на Израел прекршувајки ја клетвата.
  8 А син Етанов: Азариј.
  9 Есронови синови, кои му се родија, беа: Ерамеил, Арам и Халев.
10 На Арама му се роди Аминадав, а на Аминадава му се роди Насон, кнез на Јудините синови.
11 На Насона му се роди Салмон, на Салмона му се роди Воз.
12 На Воза му се роди Овид, на Овида му се роди Есеј.
13 На Есеја му се родија: првенецот Елијав, вториот Авинадав, третиот Сама,
14 четвртиот Натанаил, петтиот Радај,
15 шестиот Осем, седмиот Давид.
16 Сестри им беа: Серуја и Авигеја. Серуини синови беа: Ависај, Јоав и Асаил, тројца.
17 Авигеја го роди Амаса, а Амасин татко беше Исмаилецот Јетер.
18 Есроновиот син Халев имаше со жената своја Азува и со Ериота синови, а синовите му беа: Есер, Совав и Ардон.
19 Кога умре Азува, Халев ја зеде за жена Ерата, и таа му го роди Ур.
20 На Ур му се роди Уриј, а на Уриј му се роди Веселеил.
21 Потоа Есрон ја зеде ќерката на Махир, Галадовиот татко; ја зеде за жена кога му беа шеесет години, и таа му го роди Сегув.
22 На Сегув му се роди Јаир, кој имаше дваесет и три града во Галадската Земја.
23 Ама Гесурејците и Арамејците ги освоија од нив Јаировите Села, Кенат со селата, шеесет градови. Сè тоа го освоија синовите на Махир, таткото Галадов.
24 Кога умре Есрон во Халев-Ерата, Есроновата жена Авија му го роди Асхор, таткото Текојанев.
25 Синови на Ерамеил, Есроновиот првенец, беа: Арам, па Вуна, Орен, Осем и Ахиј.
26 Ерамеил имаше и втора жена, се викаше Атара, која беше Онамова мајка.
27 Синови на Арам, Ерамеиловиот првенец, беа: Мас, Јамин и Екер.
28 Онамови синови беа: Самај и Јадај; Самаеви синови: Надав и Ависур.
29 Ависуровата жена се викаше Авихаила, која му ги роди Авана и Молида.
30 Надавови синови беа: Селед и Апаим, но Селед умре без деца.
31 Синови Апаимови беа: Есеј; Есееви синови: Сисан; Сисанов син: Алај.
32 Синови на Јадај, братот Самаев, беа: Етер и Јонатан; ама Етер почина без деца.
33 Јонатанови синови беа: Фалет и Заза. Тоа беа Ерамеилови синови.
34 Сисан немаше синови, туку ќерки; но Сисан имаше слуга Египетец по име Јарај.
35 Затоа Сисан му даде ќерка за жена на слугата Јарај, и таа му го роди Атаја.
36 На Атај му се роди Натан, на Натана му се роди Завад.
37 На Завада му се роди Ефлал, на Ефлала му се роди Овид;
38 на Овида му се роди Јуј, на Јуја му се роди Азариј,
39 На Азарија му се роди Хелис, на Хелиса му се роди Елаус;
40 на Елауса му се роди Сисамај, на Сисамаја му се роди Салум,
41 на Салума му се роди Екамиј, на Екамија му се роди Елисам.
42 Синови на Халев, братот Ерамеилов, беа: неговиот првенец Миса, таткото Зифеев, синови на таткото на Мариса беа: Хеврон.
43 Хевронови синови: Кореј, Тафуј, Рекем и Сема.
44 На Сема му се роди син Рама, таткото Јоркоамов, а на Рекама му се роди Самај.
45 Самаев син беше Маон, а Маон му беше татко на Вет-Суров.
46 Гефа, Халевовата соложница, ги роди Харан, Моса и Газес; на Харана му се роди Газес.
47 Јадееви синови беа: Регем, Јотам, Гисам, Фелет, Гефа и Сагаф.
48 Маха, соложницата Халевова, ги роди Север и Тирхан.
49 Ги роди Сагаф, таткото Мадманиев, Сева, таткото Махвинов и таткото Гаваев; а Халевова ќерка беше Ахса.
50 Тоа беа Халевови синови. А синови на Ор, првенецот Ефратиев: Совал, татко Киријат-Јаримов,
51 Салма, татко Витлеемов, и Ареф, татко Вет-Гадеров.
52 А синовите на Совал, таткото Киријат-Јаримов: Арој, и половина од Манахатците.
53 Киријат-Јаримовските семејства беа: Етерците, Футците, Суматците и Мисрајците; од нив потекнаа Сарајците и Естаолците.
54 Салмини синови се: Витлеем, Нетофатците, Атарот, Вет Јоав и половина од Манахатци, Сарајци.
55 Сеферијците (книжевнички семејства) кои живееја во Јавис беа: Тиратците, Симеатците, Сухатците. Тоа се Кенејците кои потекнаа од Емат, таткото на домот Рихавов.

Поврзано

Надворешни врски


PD-icon.svg Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
Nuvola apps important.svg
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.